Тип на донација
Сума

или

20 август 2025

РЕОБЈАВА – ПОВИК ЗА ИЗБОР НА НАДВОРЕШЕН КОНСУЛТАНТ/-КА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА Анализа за предизвиците со кои се соочуваат биолошките семејства во грижата за децата и причините за прием во алтернативна грижа

СОС ДЕТСКО СЕЛО С. МАКЕДОНИЈА, за потребите на проектот „Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца“ објавува Јавен повик за ангажирање надворешен консултант/-ка за спроведување на анализа за предизвиците со кои се соочуваат биолошките семејства во грижата за децата и причините за прием во алтернативна грижа.

 

Подетални информации и детални услови за работниот ангажман се наведени во Условите за ангажирање (ToR).

Преземете го документот ТУКА

 

Заинтересираните кандидати и/или институции/организации можат да аплицираат со доставување на:

  • Писмо за изразување на интерес,

  • Кратка биографија (CV),

  • Краток опис на предлог методологија,

  • Финансиска понуда (со вклучени сите трошоци),

  • Референтна листа на претходни слични ангажмани

 

Понудите треба да се достават електронски на: kristina.dimitrievska@sos.org.mk

Крајниот рок за доставување на понудите е 14.09.2025 година