Тип на донација
Сума

или

Во рамки на единиците за живеење се обезбедува 24 часовна грижа, помош и поддршка за вкупно 28 млади без родители или родителска грижа над 14 годишна возраст, а најдоцна до завршување на средното образование, заради оспособување за самостоен живот и интеграција во општеството.

Во рамки на единиците за живеење се обезбедува 24 часовна грижа, помош и поддршка за вкупно 28 млади без родители или ..

Станбени единици за живеење со поддршка

Станбени единици за живеење со поддршка

СЛУЖБА ЗА ЖИВЕЕЊЕ СО ПОДДРШКА

 

Службата за живеење со поддршка обезбедува постојана 24-ри часовна грижа и поддршка за млади без родители и родителска грижа на возраст од 14 години до завршување на средно образование.

Единиците за живеење со поддршка се организациони единици (подружници) во рамки на Приватна Установа СОС Детско село Скопје. Во рамки на истите се обезбедува 24 часовна грижа, помош и поддршка за вкупно 28 млади без родители или родителска грижа над 14 годишна возраст, а најдоцна до завршување на средното образование, заради оспособување за самостоен живот и интеграција во општеството.

Самостојно и организирано живеење со поддршка како услуга во единиците за корисници без родители и без родителска грижа обезбедува поддршка за задоволување на основните животни потреби, и тоа: домување, исхрана, одржување на лична хигиена, обезбедување на облека, нега и грижа за здравјето, емоционална поддршка, воспитание и образование, спроведување на слободни активности, следење на образовни и вонучилишни активности, располагање со приходи и други парични средства, како и давање поддршка за професионална ориентација, заради оспособување за самостоен живот по напуштање на организираното живеење со поддршка.

Живеењето со поддршка во организационите единици обезбедува и:

· Поддршка на млади во заокружување на задолжителното образование, здобивање со дополнително образование и квалитетна стручна обука во согласност со интересите и талентите, и поддршка во развивање на практични стручни вештини.

· Поддршка на млади во развивање вештини за наоѓање работа и обезбедување редовен приход.

· Поддршка на млади во обезбедување на постојано живеалиште.

· Поддршка на млади во развивање на социјални вештини и компетенција: комуникација, способност за справување со конфликти, воспоставување и одржување односи и пријателства, итн.

· Поддршка на млади во развивање практични животни вештини потребни за снаоѓање во секојдневниот живот: здравје, сексуално образование и контрола на раѓање, ракување со пари, избор и набавка на облека, управување со домаќинство, обраќање и комуникација со јавни и надлежни институции, развивање на интереси покрај образованието и работата, итн.

· Поддршка на млади во јакнење на емоционалната стабилност: развивање на способности да се грижат за себе, развивање чувство на одговорност кон другите, прифаќање на сопственото минато, развивање чувство на припадност, развивање способност да се гледа кон иднината со реализам и оптимизам, развивање на соодветна слика за себе.

 

Ваквата услуга претставува позитивна замена на семејното живеење, со што се постигнува најмало отстапување од природната средина во која корисникот расте и се развива.

Во единицаta за живеење со поддршка како вон – семејна социјална заштита за корисници без родители и без родителска грижа ќе се обезбедат услови за континуиран понатамошен позитивен раст и развој, при што ќе се овозможи одржување на врските со

родителите/старателите, браќа/сестри и поширокото семејство, а со тоа ќе се постави основата за подобра реинтеграција.

Грижата е заснована на следниве принципи:

· Континуитет во грижата за корисникот;

· Почит за идентитетот и личноста на секое дете;

· Индивидуален пристап во грижата за секое дете;

· Одлуки според најдобриот интерес на корисникот;

· Поттикнување на учество на корисникот;

Биолошките браќа и сестри се згрижуваат заедно, освен доколку тоа не е во најдобар интерес на корисниците.

 

ПРОГРАМА ЗА СОЦИЈАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА

Во текот на своето долгогодишно функционирање, растејќи и созревајќи, научивме дека на младите без родителска грижа, како и на младите во разни социјални ризици, им е потребна помош во осамостојувањето и тоа во областите на: домување, стекнување на професионални и „меки“ вештини, вклучување во пазарот на труд за побрзо и полесно интегрирање во социјалната средина.

Програмата за социјална интеграција ги поддржува младите на почетокот на нивниот независен живот и им помага да достигнат целосна самостојност.

Оваа програма е последната фаза во грижата и поддршката што СОС организацијата ја обезбедува за децата без родителска грижа. Општата цел на оваа фаза е непречен премин во потполно независен живот при што младата личност е целосно способна да преземе потполна одговорност за сопствениот живот. Оваа фаза доаѓа по грижата во згрижувачко семејство или во Службата за живеење со поддршка и трае највеќе 3 години (или повеќе за ученици и студенти, во зависност од природата на студиите), по што СОС организацијата се повлекува од поддршката и младата личност води целосно независен живот.

Специфични цели на поддршката на младите во Програмата за социјална интеграција се: Обезбедување постојано/стабилно вработување и редовни приходи; Стекнување на соодветно домување и Целосно преземање на контрола и одговорност за сопствениот живот.

 

Контактирајте нè:

ЖИВЕЕЊЕ СО ПОДДРШКА СОС ДЕТСКО СЕЛО 1 – БАРДОВЦИ

Ул. 6 бр.25 mail: selo@sos.org.mk

 

ЖИВЕЕЊЕ СО ПОДДРШКА СОС ДЕТСКО СЕЛО 2 – ВЛАЕ

Ул. Фјодор Достоевски бр.58

mail: selo@sos.org.mk

 

ЖИВЕЕЊЕ СО ПОДДРШКА СОС ДЕТСКО СЕЛО 3 – РАДИШАНИ

Ул. Бутелска 6/8

mail: selo@sos.org.mk

 

ЖИВЕЕЊЕ СО ПОДДРШКА СОС ДЕТСКО СЕЛО 4 – ЖЕЛЕЗАРА

Ул.Коце Металец бр.106

mail: selo@sos.org.mk