Тип на донација
Сума

или

Кои сме ние

СОС Детски села Интернационал е меѓународна невладина организација за социјална заштита, посветена на заштита и примена на детските права уште од 1949 година кога првото СОС Детско село било основано од Херман Гмајнер во Имст, Австрија.

Речиси 70 години работиме на заштита и грижа за децата кои ја загубиле, или се изложени на ризик да ја загубат родителската грижа. Работиме со заедниците, партнерите и државите за да се осигураме дека се исполнети правата на сите деца во секое општество.

Со поддршка од многу донатори и соработници, организацијата бргу се распространува и помага на децата од целиот свет. Во 136 земји и територии, активностите на меѓународната организација СОС Детски села се фокусираат на поддршка на децата без родители и родителска грижа и децата кои се во ризик да ја загубат грижата од своите семејства.

СОС Детски села ставаат главен фокус на семејно заснованата, долгорочна грижа на децата кои ја загубиле можноста да растат во своите биолошки семејства. Во СОС Детските села и програмите за грижа за млади, тие повторно наоѓаат сигурност, љубов, и топол дом. Растат во стабилна семејна средина и добиваат континуирана индивидуална поддршка се додека станат независни млади личности.

СОС Детски села даваат подршка на сите деца во ризик, особено на оние кои немаат родители и родителска грижа и оние чии семејства живеат во тешки услови. Основа и цел на работата на организацијата е почитување, промовирање и кревање глас за правата на децата. Преку своите активнсти СОС Детски села се стремат да ја информираат пошироката јавност и сите партнери и соработници за проблемите со кои се соочуваат децата и повикуваат на преземање мерки кои ќе ја промовираат благосостојбата на децата од целиот свет. Паралелно со активностите за лобирање, ги охрабруваме децата активно да учествуваат во процесите на донесување одлуки кои влијаат на нивните животи, и, доколку е возможно, самите да се претставуваат.





СОС Детски села ги почитуваат различните култури и религии работејќи во земји и заедници каде што мисијата на организацијата може да придонесе кон нивниот развој. Работата на СОС Детски села е во духот на Конвенцијата за правата на детето на ООН, која се промовира низ целиот свет.

СОС Детските села нудат различни форми на поддршка со цел зајакнување и стабилизирање на семејствата колку што е можно повеќе, така што тие повторно ќе можат да управуваат независно со сопствените животи и да се грижат за своите деца. Програмите за зајакнување на семејствата се многу ефикасни во поддршка на подобрување на ресурсите на семејствата и заедниците, нивната способност да се само-организираат и нивната одговорност за благосостојбата на децата.

Во моментов во 551 СОС Детскo селo низ целиот свет се грижиме за 81 700 деца и млади без родителска грижа.