Нашето успешно 20 годишното искуство во обезбедување на квалитетна алтернативна грижа, го заокруживме со развој на иновативна програма за поддршка на згрижувачки семејства кои обезбедуваат стабилна и квалитетна грижа за децата без родители и родителска грижа и нивна заштита.
Новата унапредена услуга за стручна помош и поддршка на згрижувачки семејства, за која се стекнавме со лиценца и овластување од Министерство за труд и социјална политика во 2021 г, се обезбедува преку Центар за поддршка на згрижувачки семејства.
Преку работењето на Центарот им помагаме на вкупно 64 згрижувачки семејства да создадат безбедно и сигурно опкружување за вкупно 150 деца и млади, за тие да можат да растат, да се развиваат и да го остварат својот полн потенцијал.
Центарот е со седиште во најголемата општина во Град Скопје, Општина Гази Баба. Со својата надлежност Центарот делува како регионален центар покривајќи ја територијата на Скопски плански регион со подрачјето на Општина Гази Баба, Илинден, Петровец, Арачиново, Општина Аеродром, општина Бутел и Чучер Сандево, Вардарски плански регион со подрачјето на Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Општините Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Велес, Лозово, свети Николе, и Југоисточен плански регион со подрачјето на Струмица, Валандово, Гевгелија, Радовиш и општините Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица, Ново село, Босилово, Василево , Конче и Радовиш.
Главната задача на Центарот е да им помогне и да ги насочува згрижувачките семејства за да можат да обезбедат квалитетна семејна грижа, каква што му е потребна на детето во неговото згрижување.
Преку Центарот СОС Детското село дава придонес за промоција на згрижувањето, спроведувајќи кампањи, отворени настани и едукации со цел мобилизација и поттикнување на потенцијалите згрижувачи да станат згрижувачи. Сите оние кои имаат желба и мотивација да го отворат својот дом и да обезбедат грижа на дете кое има потреба, вклучително и деца со попреченост, бебиња, деца жртви на насилство или запоставување и деца изложени на ризици се охрабрени да се обратат во Центарот, за понатамошни информации и вклучување во почетна обука за згрижување.
За оние кандидати кои ќе се одлучат да станат згрижувачи, Центарот обезбедува високо квалитетна стручна помош и поддршка преку проценка, континуирана обука, следење и давање предлози за подобрување на згрижување во згрижувачко семејство. Согласно стандарди утврдени во закон и Методологијата
за јакнење на згрижувачки семејства PRIDE според која работиме обезбедуваме најнапредни обуки за потенцијалните и постоечките згрижувачи.
Освен воведни и континуирани обуки, Центарот обезбедува совети и насоки за згрижувачките семејства со цел заедничко „најдобриот интерес на детето“, како што налага Конвенцијата за правата на детето“. Во рамки работата се обезбедува редовна и континуирана заложба за унапредување на материјалните услови, обезбедување на дополнителна материјална помош, помош во вклучување во неформална едукација, организирање на групи за самопомош. Во нашата работа ставаме особен фокус на подготовката на детето и згрижувачкото семејство за сместување и напуштање на грижата. Учество во подготовка на лицето за враќање во биолошко семејство, промена на обликот на заштита или осамостојување;
Притоа, стручните лица ангажирани во Центарот се залагаат да ја негуваат мотивацијата, посветеноста на згрижувачите и развојот нивните вештините за квалитетна грижа. Преку Центарот непрекинато се работи на подобрување на статусот згрижувач и неговата репутација во општеството.
Истовремено работи на координирање на мрежата за поддршка и соработка со сите засегнати страни кои се значајни за задоволување на потребите на згрижените деца и сакаат да помогнат во реализација на нашата мисија. Соработуваме со индивидуалци, донатори или волонтери, компании, институции, партнер организации бидејќи заедно можеме повеќе ( TO RAISE A CHILD IT TAKE A VILLAGE). Секоја помош и поддршка е добредојдена.
Центарот за поддршка на згрижувачки семејства работи според Законот за социјална заштита, подзаконски акти, но и Конвенција за права на дете, Насоки за алтернативна грижа за деца на Обединети нации и Цели за одржлив развој на Обединети нации.
Работата на Центарот за поддршка на згрижувачките семејства придонесува во остварување на најважните реформски заложби на нашата земја, односно деинституционализација, каде приоритетот е даден во развивање на алтернативни, најмалку рестриктивни облици на заштита на децата, како и обезбедување на еднаква шанса за нив да растат во семејство.
Центарот работи со поддршка на Владата и во тесна соработка со Центрите за социјална работа.
Од самото основање до денес СОС Детското село посветено работи на обезбедување на квалитетна алтернативна грижа за деца без родители и родителска грижа. На почетоците грижата се овозможуваше врз основа на модел на СОС семејна грижа, а во денешното време согласно новините, иновативните решенија и социјални услуги врз основа на модел стручна помош и поддршка на згрижувачки семејства.
Водејќи се од нашата мисија, во целиов овој период СОС Детско село создава семејства за децата на кои тоа им е потребно, обезбедува помош при градење на нивната иднина и учество во важни одлуки за нивниот живот.
Ниту една друга организација не поседува сеопфатно искуство за обезбедување на алтернативна грижа како нас, а ова искуство не помага да ја унапредиме нашата работа, нашиот пристап, нашата грижа.
Децата биле секогаш центарот на нашето делување. За згрижените деца кои останале без родители и родителска грижа покрај квалитетна грижа, обезбедуваме и материјална поддршка, советување, организирани едукативни активности за деца, летни кампови, вклучување во курсеви и хобија.
Покрај директна поддршка на згрижени деца, имаме огромно искуство во обезбедување на директна стручна помош и поддршка на згрижувачите кои непосредно се грижат за децата, нивна континуирана едукација, стручно советување и јакнење на нивните компетенции. Ние ги препознаваме напорите и предизвиците со кои се среќаваат згрижувачките и им даваме поддршка каква им е најпотребна.
За дополнителни информации за тоа како да се стане згрижувач контактирајте не на zgrizuvanje@sos.org.mk или на +38922535010
За информации за тоа како да дадете поддршка за функционирање на нашиот Центар, преку материјална поддршка за згрижувачките семејства, волонтерство или друг тип на поддршка контактирајте не на selo@sos.org.mk или на +38922535010
За да ја поддржите нашата работа Ве охрабруваме да станете посветен донатор на СОС Детско село.
Центар за поддршка на згрижувачки семејства – СОС Детско село Скопје
Ул Финска 131 Скопје