Тип на донација
Сума

или

КорпоративниПартнерства

Во СОС Детско село цврсто веруваме во општествената одговорност и влијанието на бизнис заедницата во Македонија.

Благодарение на поддршката на компаниите  заедно ги менуваме детските животи и создаваме можности за децата и младите кои во животот немале прилика да се радуваат на среќно детство и мечтаат за успешна иднина.

Секако, сето ова не можеме да го постигнеме сами, неопходна ни е вашата поддршка.

Поддржувајќи нè, Вие ни овозможувате да обезбедиме најквалитетна грижа за децата, тие да растат во топол дом, опкружени со родителска љубов и поддршка.  Вие ни помагате да ги поттикнеме слободно да ги развиваат своите капацитетиги, да ги подготвиме за предизвиците кои со себе ги носи животот, и да им овозможиме да станат успешни млади луѓе кои активно придонесуваат во нашето општество, и сето ова долгорочно , на одржлив начин.

Зошто да нè изберете нас?

  • Бидејќи ниту едно дете не треба да расте само.
  • Бидејќи имаме 73 годишна традиција како меѓународна организација и 20 години искуство во нашата земја во згрижување на деца и млади без родители и родителска грижа и поддршка на семејства изложени на ризик.
  • Како организација ние директно придонесуваме кон постигнување на целите на Обединети нации за одржлив развој 2030.
  • Бидејќи сме подготвени заедно со вас,низ креативност да  создадеме на заедничка стратегија, без разлика дали сте мал бизнис или мултинационална компанија.

 

 

Модели насоработка

 

Контактирајте нè за повеќе информации:

Љубица Атанасова

Лице за обезбедување на средства од компании

ljubica.atanasova@sos.org.mk

тел. +389 (0)76 220 472