Целта на проектот за Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади брачни парови е да придонесеме кон подобрување на севкупната социо-економска благосостојба на младите луѓе и семејства во ризик во град Скопје, особено во општина Гази Баба преку нивна зголемена вклученост во општеството и финансиска одржливост.
КОМУ ПОМАГАМЕ?
Млади на возраст до 29 години и млади родители на возраст до 35 години кои се во социјален ризик.
КАКО ДЕЈСТВУВАМЕ?
- Ги зајакнуваме капацитетите на младите, со што обезбедуваме пристап до пазарот на труд и даваме поддршка, чија крајна цел е вработување на младите;
- Помагаме при развивање на бизнис идеја во конкретен бизнис план и даваме грантови за отворање и отпочнување на мали бизниси;
- Пружаме психосоцијална поддршка, со што се зголемува личната самодоверба кај младите и се креира позитивен став кон иднината и промените.
- Во нашето детско катче овозможуваме образование и воспитание на децата на нашите корисници на возраст од 3-6 години; да се стекнат со знаења, вештини и навики, а пружаме и советување и едукација на родителите за правилен раст и развој на децата.
Со проектот за Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади брачни парови во социјален ризик се опфатени млади луѓе или семејства од територија на град Скопје, со фокус на општина Гази Баба.
Младите имаат можност да добијат поддршка за вработување или самовработување, преку учество во обуки за „меки“ вештини, основни или напредни компјутерски вештини, обуки за финансиска писменост, можности за квалификација или доквалификација, практикантство, како и поддршка во развивање бизнис идеја, правење бизнис план и овозможување со конкретна помош да се отпочне мал бизнис.
Покрај стекнување на нови знаења и вештини, проектниот тим работи на зголемување на самодовербата на младите и креирање на позитивни ставови кон иднината и променитe. Како резултат од оваа целокупна интервенција на пазарот на трудот, како рамноправни учесници се вклучија повеќе од 350 лица во социјален ризик, со што, долгорочно ќе ја подобрат својата социо-економска состојба и ќе се интегрираат во општеството. Од нив 138 млади успешно се вработија, а се отворија и 57 мали бизниси кои успешно растат и напредуваат. Дополнително, родителите се здобија со знаења и вештини за да бидат добри родители, со што се делуваше на правилниот раст и развој на нивните деца.
Повеќе информации за овој проект може да прочитате овде.
Контактирајте нè:
РЕСУРСЕН ЦЕНТАР ЗА РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
ГАЗИ БАБА
Ул. Палмиро Тољати бб, 1000 Скопје
Градинка 25 Мај-Клон Искра
тел. +389(0)2 2533 828