Тип на донација
Сума

или

IT4CHARITY2024

ИТ заедницата и СОС Детско село по шести пат ги здружуваат силите за да направат разлика во животите на децата и младите без родителска грижа, поддржани од СОС Детско село.

Оваа година собраните средства од хуманитарната иницијатива IT4Charity се наменети за професионална поддршка на згрижувачките семејства и децата без родители згрижени во истите. Ваквата поддршка вклучува експерти од различни области, како  психолози, логопеди, дефектолози, социјални работници, како и тренинзи и консултации за родителство со предизвик.

 

it4charity 2024, sos detsko selo

 

СОС Детско село во моментов поддржува над 70 згрижувачки семејства интегрирани во локалната заедница во кои се згрижени над 140 деца на возраст од 6-18 години. Тие се наши херои кои ги отвориле своите срца и домови за децата без родители и родителска грижа и на кои им е потребна поддршка за да ја дадат најдобрата можна грижа и да ги надминат родителските предизвици.

 

Поради траумите кои ги преживеале во минатото, многу од децата во згрижувачките семејства се соочуваат со потешкотии во прилагодувањето во новото опкружување, како и идентификување и максимизирање на сопствениот потенцијал, затоа СОС Детско село организира дополнителна професионална поддршка преку континуирани активности кои го олеснуваат процесот на интеграција и ги совладуваат родителските предизвици.

IT4CHARITY 2024 КОНЦЕПТ

sos detsko selo, it4charity 2024, koncept

ЗОШТО ДА СЕ ПРИКЛУЧИТЕ

  • Општествена одговорност: Придонесете кон општеството и поддржете ги децата од оваа ранлива категорија и згрижувачките семејства кои имаат потреба од помош, воедно покажете ЕКО одговорност и грижа за опкружувањето.
  • Тимска Кохезија: Овие настани се одлична можност за зајакнување на тимскиот дух и заедништвото во вашата компанија
  • Видливост и промоција: Позиционирајте ја вашата компанија како општествено одговорна и унапредете ја видливоста преку промотивни активности поврзани со настанот
  • Networking: Запознајте ги и поврзете се со други компании од IT секторот кои ги делат истите вредности

КАКО МОЖЕДА УЧЕСТВУВАТЕ?

  • Финансиска Поддршка: Обезбедете финансиска поддршка која ќе биде искористена за професионална поддршка и стручна помош на над 70 згрижувачки семејства кои се грижат за над 140 деца без родителска грижа
    Лесно е да чиниш добро кога многумина помагаат!
  • Учествувајте во трката: Мотивирајте ги вашите вработени да се вклучат во овогодинешната трка која се организира во рамките на IT4Charity 2024
    Здраво тело, здрав дух!
  • Рециклирајте и донирајте за СОС Детско село: Охрабрете ги вашите вработени да рециклираат ПЕТ пластика и лименки преку ЕКОМАК (апликацијата на ПАКОМАК) и да собираат зелени поени кои ќе ги донираат на СОС Детско село –
    ПАКОМАК ќе го удвои вкупниот износ кој ќе се собере до 13/09/2024!
  • Промоција на Настанот: Помогнете ни во промоцијата на IT4Charity 2024 преку вашите канали и платформи
    Sharing is caring!

IT4CharityХУМАНИТАРНА ТРКА

Кој: физички активни вработени кои ја препознаваат каузата на СОС Детско село

Кога: 15.09.2024 во 09:00ч

Каде: Школка, Градски парк, Скопје

Како: Се трча на кружна патека со должина од 3 и 6 км

Плус: МНОГУ ЗАБАВА со ДЈ, храна и пијалоци

*Храната и пијалоците се наплаќаат.

 

mapa it4charity 2024

IT4CharityЕКО

Кој: Сите вработени од сите градови кои сакаат да придонесат за зелена иднина за секое дете

Како: Спушти ја апликацијата на Пакомак, регистрирај се, рециклирај пластика и лименки во вендинг машините, собирај зелени поени и донирај за СОС Детско село
ПАКОМАК ја удвојува донацијата!!!

Зошто?

  • намалување на загадувањето
  • промовирање еколошка свесност и одржливост
  • задоволни вработени кои придонесуваат во две општествени каузи
  • можност за добивање признание за еко ИТ компанија на годината!

 

pakomak, it4charity, eko, sos detsko selo

КАКОДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?

За учество, ве молиме контактирајте не преку е-маил или телефон најдоцна до 15 август, 2024 година.

ljubica.atanasova@sos.org.mk  тел:+389 (0) 76 220 472 – Љубица

sofija.stojkov@sos.org.mk   тел: +389 (0) 75 387 953 – Софија

Вашето учество и поддршка ќе биде од огромна важност за успешната реализација на оваа иницијатива.

IT4CHARITY 2024 ПОДДРЖУВАЧИ

IT4CHARITY 2024 СПОНЗОРИ

IT4CHARITY 2024 ПРИЈАТЕЛИ

_____________________________________________

IT4CHARITY '23

IT4CHARITY 2023 ПОДДРЖУВАЧИ

IT4CHARITY 2023 СПОНЗОРИ

_____________________________________________

Традицијата на IT4Charityпродолжува во 2022 со ГОЛЕМА IT ТРКА

 

Стартуваме на 20 Мај и завршуваме на 25 Септември со ГОЛЕМА IT ТРКА

Концептот напроектот е:

  • За секој поминат ЗЕЛЕН километар на вработените
  • Компанијата донира средства за СОС Детско село
  • Оваа година проектот ќе заврши со голема IT ТРКА

Како ИТ компаниите да севклучат во проектот?

Со добра волја, отворено срце и желба за поддршка на ранливите
Секоја ИТ компанијa која ќе сака да се приклучи на проектот е добродојдена да не контактира на: goran.velkovski@sos.org.mk

Како вработените од ИТ компаниите поддржувачида го започнат предизвикот?

  • Да ја преземат апликацијата Challenger на мобилен телефон
  • Да се регистрираат со компаниски маил
  • Вработените можат да се приклучат и во постоечките предизвици на самата апликација, а со тоа се борат да добијат директни награди и попусти во локални бизниси
  • Challenger го регистрира секој километар со помош на следните алатки: GoogleFit, Apple Health и Strava. Учесниците ќе треба да ја вклучат Strava пред да почнат да возат велосипед. Сите други активности (трчање и одење пеш) Challenger апликацијата ќе ги регистрира во позадина
  • Во текот на броењето на километрите вработените ќе добијат информации за да се регистрираат за ГОЛЕМАТА IT ТРКА.
  • Вработените ќе можат да учествуваат во ТРКАТА со трчање и возење велосипед.

Во остварување на целта од 30.000 ЕУР за поддршка на програмите на СОС Детско село, секоја компанија има можност да одбере еден од моделите за финансиска поддршка и со тоа да обезбеди пласман на компанијата за учество во проектот и секако учество на вработените за време на трката.

 

Наша цел е заеднички да собереме 30.000 ЕУР за поддршка на програмите на СОС Детско Село

 

Компании вклучени во маратонот:

Спонзори на IT4Charity2022

IT 4 Charity - edition 2021!

Погледнете ги интевјуата од нашите СОС пријатели и поддржувачи: