Тип на донација
Сума

или

Корпоративни партнерства

 

Во СОС Детско село цврсто веруваме во општествената одговорност и влијанието на бизнис заедницата во Македонија.  

Благодарение на поддршката на драгите пријатели заедно ги менуваме детските животи и создаваме можности за децата кои во животот немале прилика да се радуваат на среќно детство и мечтаат за успешна иднина.   

Нашата грижа е долгорочна и затоа сме единствени кои може да кажат дека сме одгледале добри, чесни и успешни млади луѓе и дека сме ги задржале семејствата заедно. 

Секако, сето ова не можеме да го постигнеме сами, неопходна ни е вашата поддршка. 

Поддржувајќи не, Вие ни овозможувате да обезбедиме најквалитетна грижа за децата, тие да растат во топол дом, опкружени со родителска љубов и поддршка.  Вие ни помагате да ги поттикнеме слободно да ги развиваат своите капацитетиги, да ги подготвиме за предизвиците кои со себе ги носи животот, и да им овозможиме да станат успешни млади луѓе кои активно придонесуваат во нашето општество. 

Зошто да не изберете нас? 

  • Бидејќи Ниту едно дете не треба да расте само. 
  • Бидејќи имаме 72 годишна традиција како меѓународна организација и 20 години искуство во Македонија во згрижување на деца и млади без родители и родителска грижа и поддршка на семејства изложени на ризик. 
  • Како организација ние директно придонесуваме кон постигнување на целите за одржлив развој 2030  
  • Бидејќи сме подготвени заедно со вас,низ креативност и создавање на заедничка стратегија, без разлика дали сте мал бизнис или мултинационална компанија. 

 

Вашиот бенефит 

  • Инвестирате во иднината на децата  
  • Придонесувате кон градење на социјално општество 
  • Ги мотивирајте вработените и ја зголемувате нивната гордост и лојалноста  
  • Ја демонстрирате и зајакнувате вашата корпоративна општествена одговорност  
  • Станувате партнер на стабилна и препознатлива меѓународна организација за социјален развој 

Како може да помогнете? 

  • Станете компанија пријател на СОС Детско село 
  • Станете спонозор на СОС семејство 
  • Спонозрирајте некоја од програмите: СОС детско село , Зајакнување на семејства, СОС програма за млади 
  • Корпоративно волонтерство 
  • Мотивирајте ги своите вработени да донираат директно од плата и вие удвојте ја таа сума 
  • Донирајте производи и услуги 
  • Брендирајте го својот производ или услуга со логото на СОС Детско село и донирајте дел од приходите 
  • Нарачајте новогодишни честитки 

 

Даночни поттикнувања 

За секоја направена донација, компаниите согласно член 4 став 3, а во врска со член 3 точка 1 став 2 од Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, (Сл. Весник на РМ, бр.47/06), може да ги искористуват  даночните поттикнувања до 5% од годишниот приход како основица за даночење. 

За повеќе информации во врска со даночните поттикнувања може да прочитате во ВОДИЧ ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДОНАЦИИ И СПОНЗОРСТВА ВО ЈАВНИТЕ ДЕЈНОСТИ (линк до пдф документ) 

 

Контактирајте нe за повеќе информации: 

Софија Стојков

sofija.stojkov@sos.org.mk

тел. +389 0(71) 809 346

 

Љубица Атанасова

ljubica.atanasova@sos.org.mk

тел. +389 (0)76 220 472