СОС Пријател значи дека континуирано, на месечно ниво ќе донирате сума по Ваша желба и ќе овозможите среќно и сигурно детство на децата и младите поддржани од СОС Детско село.
Средствата кои нашите СОС Пријатели ги донираат се директна поддршка за децата и младите поддржани од СОС Детско село и се користат исклучиво за покривање на нивните тековни потреби и трошоци.
ВАЖНО: Во ниеден случај нашите СОС претставници нема да примаат донации во готовина!
Понеделник | Вторник | Среда | Четврток | Петок | Сабота | Недела | |
Тим 1 | 11:00-15:00
Vero GTC 16:00-20:00 Ramstor Debar Maalo |
16:00 – 20:00
Tinex Dramski |
11:00 – 15:00
Tineks Gradski Dzid 16:00 – 20:00 Lisa 16:00 – 20:00 Tineks 3 Mak. |
11:00-15:00
Zebra 16:00 – 20:00 Tineks 3 Mak. |
11:00-15:00
Ramstor Mall 11:00-15:00 Vero GTC |
11:00-15:00
Kit-Go Taftalidje |
11:00 – 15:00
City Mall |
Тим 2 | 16:00-20:00
Capitoll Mall 16:00-20:00 Kit Go Taftalidje |
16:00 – 20:00
Zebra |
16:00 – 20:00
Vero Jumbo 16:00 – 20:00 Tinkes Dramski 16:00 – 20:00 Kit-Go Kisela Voda |
16:00 – 20:00
Vero Kisela Voda 16:00 – 20:00 Capitoll Mall |
16:00 – 20:00
East Gate 16:00 – 20:00 Vero jumbo |
11:00 – 15:00
Capitol Mall |
11:00 – 15:00
Vero jumbo |
Тим 3 | 16:00-20:00
Ramstor Gorno Lisice 16:00-20:00 Ramstor Djevahir 16:00-20:00 Lisa |
16:00 – 20:00
Tineks Karposh 3 16:00 – 20:00 Tineks 3 Make. |
16:00 – 20:00
Ramstor Dzevahir 16:00 – 20:00 Ramstor Debar Maalo 16:00-20:00 Ramstor Gorno Lisice |
16:00 – 20:00
City Mall 16:00 – 20:00 Tineks Dramski 16:00 – 20:00 Tineks K.3 |
16:00 – 20:00
Vero Kisela Voda 16:00 – 20:00 Zebra 16:00 – 20:00 Lisa |
16:00 – 20:00
City Mall 16:00 – 20:00 East Gate |
11:00 – 15:00
East Gate |
Нашата организација овозможува долгорочна и континуирана поддршка на децата и младите без родителска грижа се до нивното целосно осамостојување. Со вашите редовни месечни донации Вие ќе ни помогнете заедно да ги менуваме животите на многу деца и млади и да им пружиме шанса за среќна и сигурна иднина.
Начинот на кој што можете да станете наш СОС Пријател е многу едноставен
Со помош на нашите СОС претставници кој ќе бидат достапни на јавни локации низ град Скопје и кои секогаш ќе можете да ги препознаете по портокаловата боја на СОС Детско село. Тие со себе носат сигурна и безбедна апликација преку која ќе можете да ја направите вашата донација. Доколку сепак се одлучите донацијата да ја направите преку ваш уред, тоа можете да го направите преку скенирање на посочениот QR код од нашите СОС Претставници. Нивните позиции секогаш ќе можете да ги видите на табелата како и на социјалните мрежи на СОС Детско село.
или
Со отворање траен налог во вашата матична банка:
Примач: СОС ДЕТСКО СЕЛО
Банка на примачот: НЛБ Банка
Трансакциска сметка: 210-055217340-187
Цел на дознака: СОС Пријател
Сите лични податоци кои ќе ги оставите ќе бидат користени согласно Законот за заштита на лични податоци.
Правила и начин на користење на личните податоци
КАКО ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА БИДЕТЕ НАШ СОС ПРИЈАТЕЛ?
Ако вашите можности повеќе не ви дозволуваат да донирате, можете да ги откажете редовните месечни донации во секое време.
Контактирајте со нас по е-пошта: ana.ivanovska@sos.org.mk или по телефон: 078/254-245, и ние ќе ве упатиме кон понатамошните чекори.
Во случај да се променат околностите и да одлучите повторно да станете СОС Пријател, слободно контактирајте не – ќе ни биде драго.
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ
Сите информации поврзани со СОС Пријател, тековните настани, како и оние поврзани со работата на СОС Детско село може да се најдат на нашата веб -страница или на нашите социјални мрежи (Фејсбук, Инстаграм, Линкдин, канал на Јутјуб).
Доколку не ги пронајдете информациите што ги барате, секогаш можете да не контактирате и да поставите прашање преку е-пошта: stanisosprijatel@sos.org.mk или по телефон: 02/32 90 556.
Неизмерно сме им благодарни на нашите партнери / компании кои бесплатно ни даваат простор за промоција на нашата работата и споделување на нашата мисија. Без партнери како вас, нашата работа не би била возможна.
Ви благодариме што сте наши СОС Пријатели.