Секое дете расте во семејство, опкружено со љубов, почитување и чувство на сигурност.
Ние создаваме семејства за децата во ризик, им помагаме да ја изградат својата иднина и придонесуваме за развојот на заедниците.
Секое дете расте во семејство, опкружено со љубов, почитување и чувство на сигурност.
Ние создаваме семејства за децата во ризик, им помагаме да ја изградат својата иднина и придонесуваме за развојот на заедниците.
Семејството е столб на заедницата. Во него детето е заштитено и ужива чувство на припадност. Тука децата ги учат вредностите, ги делат обврските и создаваат трајни семејни врски. Семејната атмосфера му дава на детето цврста основа на која ќе продолжи да го гради својот живот.
Со љубов и внимание се лекуваат емоционалните рани и се гради самодовербата. Децата се учат да си веруваат себе си, но и на другите. Со таквата самодоверба детето може да ги препознае и оствари своите потенцијали.
Гласот на секое дете се слуша и се сваќа сериозно. Децата учествуваат во донесувањето на одлуките кои се однесуваат на нивниот живот и се учат да ја превземаат водечката улога во сопствениот развој. Детето расте со почитување и достоинство, како сакан и почитуван член на своето семејство и заедницата.
Децата се заштитени од злоставување, запоставување и искористување. Се чува нивната сигурност во текот на природни катастрофи и војни. Децата имаат дом, храна, здравствена заштита и образование. Тоа се основните услови за здрав развој на сите деца.
Работиме за децата без родители и родителска грижа, деца сираци, напуштени деца или деца чии семејства не се во можност да се грижат за нив. На овие деца им даваме можност да изградат трајни семејни врски. Семејниот пристап во СОС Детско село е заснован врз четири принципи: на секое дете му е потребна мајка; тоа нормално расте со браќа и сестри; во своја сопствена куќа; во рамките на здравата и пријатна околина на селото.
Им овозможуваме на децата да живеат во согласност со сопствената култура и религија и да станат активни членови на општеството. Им помагаме на децата да ги препознаат и да ги изразат индивидуалните способности, интереси и таленти. Се грижиме децата да стекнат образование и вештини потребни за успешно вклопување во општеството како членови кои придонесуваат.
Учествуваме во општествениот живот и одговараме на потребите за социјален развој на општествено најранливите деца и младинци. Градиме установи и програми кои се стремат да ги зајакнат семејствата и да го спречат напуштањето на децата. Се здружуваме со членовите на општеството за да им овозможиме на децата образование и здравствена заштита.