СОС Детско село Македонија е партнер на кој можете да сметате. Ние градиме однос на доверба со нашите донатори и партнери кои не поддржуваат во исполнување на мисија ниту едно дете да не расте само. Нашата најголема одговорност е кон децата и нивната иднина, а тоа го правиме обезбедувајќи високи стандарди во грижата за нив.
СОС Детско село Македонија е локално вкоренета и поврзана со заедницата во која делуваме. Ова обезбедува високо ниво на ефикасност и ги чини нашите активности видливи и достапни на широката јавност.
Во интерес на децата чија грижа ни е доверена, ние се обврзуваме дека сите добиени финансиски и материјални средства ги користиме правилно, одговорно и со почит. Нашите стандарди и политики детално ги пропишуваат како квалитетот во грижата за децата, така и начинот на трошење на средствата. Во таа насока, особено водиме сметка нашето работење да биде финансиски транспарентно, и редовно спроведуваме интерни и екстерни финансиски контроли.
Финансиската ревизија на работењето, веќе низа години ја спроведува Интернационалната ревизорска куќа Gran Thornton и финансиските извештаи за нашата работа редовно добиваат позитивна оцена од екстерните финансиски ревизори.