Во рамките на Проектот за интервентна поддршка на деца и семејства бегалци која го започнавме во август 2015 година и траеше до крајот на 2017 година имплементиравме три типа на поддршка на двете транзитни локации во Македонија, Транзитен центар Табановце – Куманово и Транзитен центар Винојуг – Гевгелија.
Проектот за интервентни активности беше развиени започна со активности во август-септември 2015 година. Со поддршката од меѓународната организација СОС Детски села Интернационал тој беше финансиски подржан од асоцијациите за промоција и поддршка: СОС Детски села Шведска, СОС Детски села Холандија, СОС Детски села Норвешка, СОС Детски села Шпанија, СОС Детски села Данска и Фондацијата Херман Гмајнер Фонд од Германија.
СОС Детско село Македонија го спроведуваше овој проект во рамките на официјалните транзитни центри за бегалци во Република Македонија, односно Транзитен центар за бегалци Винојуг – Гевгелија и Транзитен центар за бегалци Табановце – Куманово. Дополнително, дел од активностите на проектот беа финансиски поддржани од страна на канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија, Шведската агенција за развој и соработка, Фондацијата „Заедно во акција“, Радиохалпен – Шведска и Фондацијата Акелиус.
Целните групи во рамките на проектот беа следните:
- Деца, особено деца и млади без придружба
- Млади лица (особено женски)
- Мајки со деца (особено неухранети деца)
- Бремени жени
- Возрасни кои имаат потреба од медицинскапомош или каква била базична поддршка
Проектот се состоеше од неколку видови на активности поделени во 4 клучни компоненти:
- Заштита на децата
- Овозможување непречена комуникација иинтернет пристап за бегалците
- Помош и поддршка во храна и непрехранбенипроизводи за целната група
- Обезбедување услови за непречен транзит ипрестој на целната група во рамките на прифатните центри
Компаративната анализа покажа дека во 2016 година СОС Детско село Македонија обезбедило услуги за 48,6%, односно за 43.623 од вкупниот број на регистрирани бегалци кој изнесуваше 86.623. При тоа успеавме на различни начини да им помогнеме и да поддржиме 95% од децата на возраст од 0 до 18 години и на 53% од мајките кои поминаа низ Република Македонија.
Активностите во рамките на оваа компонента се спроведуваа во СОС Пријателското катче за поддршка на деца во Транзитниот центар Табановце – Куманово. Пријателското катче за поддршка на деца во Табановце функционираше од 19 ноември 2015 година до 31 декември 2017 година, со 24 вработени и 3 волонтери, во 3 смени, 24 часа во денот, 7 дена во неделата.
Активностите за поддршка на децата беа поделени на неколку тимови, предводени од координатор на смена. Пет преведувачи (Арапски – Македонски – Англиски – Арапски) ја поддржуваа работата на вработените во Пријателскотокатче за поддршка на деца.
Пријателското катче за поддршка на деца обезбедуваше психо-социјална поддршка за децата, родителите и семејствата,и цели кон добросостојбата на децата и младите преку организирани и структурирани активности спроведени во безбедна, пријателска и стимулирачка средина. Примарните корисници на Пријателското катче за поддршка на деца се деца на возраст од 0 до 18 години, односно деца без придружба и разделени деца, потоа млади лица, мајки со деца (особено болни/неухранети деца) и бремени жени и доилки.
Покрај тоа, во 2016 година СОС Детско село Македонија, односно тимот на овој проект започна со
обезбедување структурирана неформална едукативна програма за деца до 18 години и посебна едукативна програма за деца на училишна возраст која имаше за цел да ги подготви за понатамошно вклучување во системот на основното образование во Македонија. Оваа програма беше создадена со поддршка од Министерството за труд и социјална политика според насоките на Министерството за образование и наука. Во рамките на оваа компонента, СОС Детско
село Македонија обезбеди 62.141 услуга за 43.623 корисници во 2016 година. Под услуги
подразбираме психо-социјални услуги за поддршка, едукативна и хуманитарна помош во
храна и облека и хигиенски средства. Детално, ова вклучуваше: 3.680 услуги за деца од 0 до 2
години: 29.023 услуги за деца од 2 до 18 години: 190 услуги за бремени жени: 10.391 услуги за мајки: 415 услуги за деца и жени кои имаа дополнителни и специфични потреби.
ICT катчињата во Табановце и Винојуг Гевгелија работеа исто така од 2015 година. ICT катчињата во двата транзитни центри обезбедуваа услуги кои имаа за цел да го спречат одделувањето од семејството, да обезбедат семејно обединување и пристап до веродостојни информации и до комуникациски канали. Во нивни рамки, СОС Детско село Македонија обезбедува бесплатен Wi-Fi интернет и IT поддршка како што е користење на компјутери и печатач/скенер/ фотокопир и слободен простор за полнење на батерии според потребите на бегалците. Во 2016 година,
обезбедивме услуги за 72.170 лица, од кои 10.500 жени, 32.150 млади лица и 29.470 мажи.
СОС Детско село Македонија обезбеди 146.230 прехранбени и непрехранбени производи,
вклучувајќи: зимски јакни, капи за деца и бебиња, чизми, маици, хигиенски пакети за деца и бебиња (сапуни, шампони, влажни марамчиња, четки за заби) и долна облека. Обезбедувањето прехранбени и непрехранбени производи се реализираше редовно преку соработката со македонскиот Црвен крст. СОС Детско село Македонија во текот на целата криза беше членка на сите координативни тела одговорни за бегалската криза, како што се:
- Главната единица за координација намигрантската криза – Центар за управување со кризиРМ
- Заштита на деца / активности/услуги воПријателскотокатче за поддршка на деца – УНИЦЕФ,
Национално ниво Скопје
- Координација за заштита на група – УНЦХР,Национално ниво Скопје
- Непрехранбени производи / Подготовка за зима- Министерството за труд и социјална политика
- Комуникации / ПР група за Табановце – ЦРССкопје
- Координација за Табановце – Центар зауправување со кризи – Куманово
- Координација за Винојуг – Центар зауправување со кризи – Гевгелија
- Градење капацитети за заштита на децата -УНИЦЕФ, Национално ниво, Скопје
- Единица за координација за развој нанаставните програми за неформално образование на децата до 18 години – Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија.