Зајакнување на млади преку нови можности

СОС Детско село, од 2016 година, успешно придонесува за зголемување на вработливоста кај младите лица во социјален ризик. Оваа акција е тесно поврзана со мисијата на организацијата Ниту едно дете не треба да расте само, бидејќи невработеноста и сиромаштијата се едни од клучните фактори кои придонесуваат децата да ја загубат грижата од своите семејства.

По успешната реализација на проектот за Социјална инклузија и економско зајакнување на млади, СОС Детско село продолжува да делува во полето на зајакнување на млади во социјален ризик во рамките на една поширока регионална иницијатива.

Проектот се спроведува од:

СОС Детски села во Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и

Србија

Донатори:

БМЗ- Федерално Министерство за економска соработка и развој- Германија

Херман Гмајнеr Фонд Германија

Времетраење на проектот:

2019 –2022

Цел на проектот: Зајакнување на 1,600 млади во ризик во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија кои ќе имаат подобрени можности за вработување и активно учество на пазарот на труд

Целни групи:

  • 1,600 млади во социјален ризик на возраст од 16 до 35 години во Северна Македонија, Албанија, Босна и Хецеговина, Косово и Србија, кои се социјално исклучени, со низок приход и  немаат можност самостојно да го подобрат својот економски статус.

 

  • 230 претставници на министерствата за труд и социјална политика, агенциите за вработување, општините и граѓанските организации.

Индиректна целна група: 3,500 млади во социјален ризик кои ќе бидат опфатени преку мерките кои ќе ги преземат актерите зајакнати преку проектот.

Преку проектот ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПРЕКУ НОВИ МОЖНОСТИ сакаме да постигнеме:

  • 1600 млади успешно да учествуваат во основните обуки за животни вештини и вештини за вработување
  • 150 млади успешно да завршат специјализирани обуки (стручни преквалификации и доквалификации)
  • 500 млади успешно да завршат практикантство и програма со поддршка за менторирање од работодавец