Тип на донација
Сума

или

Децата се особено ранливи за време на природни и воени катастрофи. Во овие ситуации, заштитата на децата и нивните семејства се секогаш во центарот на нашите активности.

Децата се особено ранливи за време на природни и воени катастрофи. Во овие ситуации, заштитата на децата и нивните сем..

Интервентна поддршка

 

Во текот на 2015 година започнавме проекти поврзани со поддршка на семејства и деца кои се погодени од природни и воени катастрофи. 

Во рамките на Програмата за интервентна поддршка, од август 2015 година, па се до крајот на 2017 година го реализиравме Проектот за поддршка на деца и семејства бегалци и се вклучивме во поддршка По поплавите во Скопје во август и септември 2016 година, СОС Детско село Македонија реализираше краткорочна интервентна поддршка за 78 семејства од поплавените подрачја во населбите Ченто, Маџари,Инџиково, Смилковци, Стајковци, Попово Маало и Брњарци, обезбедувајќи хуманитарна помош во вид на облека, детски обувки, постелнина, хигиенски средства и помагала за работа, како и храна и друг вид на материјална помош.  Самостојно и во соработка со Црвен крст на град Скопје беа помогнати 180 деца, 40 бебиња и 260 возрасни.