СЛУЖБА ЗА СОВЕТУВАЊЕ
Од 2007 година СОС Детско село Македонија овозможува поддршка на деца кои се во ризик да ја изгубат грижата од своите биолошки семејства кои живеат во социјален ризик. Службата за советување функционира преку 2 Советувалишта, кои се лоцирани во општините Шуто Оризари и Гази Баба.
Општата цел на Советувалиштата е на децата кои се изложени на ризик да ја изгубат грижата од своето семејство од град Скопје, да им се овозможи да растат во грижливо семејно опкружување. Со тоа примарен фокус е ставен на спречување на раздвојување на децата од биолошкото семејство.
За постигнување на целта, работиме на:
1. Подобрување на семејните односи и градење позитивна семејна клима
2. Подобрување на родителските вештини за квалитетна грижа на децата
3. Подобрување на животните вештини и однесувањето на детето/тинејџерот
4. Подобрување на социјалните компетенции на детето/тинејџерот
5. Обезбедување услови за остварување на правата на детето;
6. Запознавање на родителот/ите со можностите, потребите, промените, спецификите и ограничувањата на детето низ развојните фази во процесот на растење и развивање;
7. Развивање знаења, вештини и компетенции на родителот/ите во услови на современо живеење;
8. Развивање позитивно родителски знаења и вештини за разрешување на проблематични ситуации, конфликтни состојби и предизвици во текот на растењето и развојот на детето; поттикнување на позитивно родителство во посебни услови и сиромаштија.
На кого помагаме?
· Семејства со нарушени семејни односи
· Родители со слаби родителски компетенции
· Деца и млади со слаби животни вештини и несоодветно однесување
· Деца и млади со слаби социјални компетенции
Предуслов за ефикасна поддршката на децата и нивните семејства се партнерите и соработниците на нашата организација, а пред сè Центрите за социјална работа и општините, со чија помош се заокружува процесот на поддршка на семејствата во ризик. Досега, преку Службата за советување имаме поддржано повеќе од 357 семејства и 1034 деца.
Контактирајте нè:
СОВЕТУВАЛИШТЕ СОС ДЕТСКО СЕЛО 1
ШУТО ОРИЗАРИ
ул. Индира Ганди
бр.29 локал, 1000 Скопје
тел. +389(0)2 2535 010
СОВЕТУВАЛИШТЕ СОС ДЕТСКО СЕЛО 2
ГАЗИ БАБА
Ул. Палмиро Тољати бб, 1000 Скопје
Градинка 25 Мај-Клон Искра
тел. +389(0)2 2535 010