Тип на донација
Сума

или

Детски права

СОС Детско село се залага за правата на децата без родители и родителска грижа и децата во ризик од губење на грижата од своите родители, преку реализација на проекти и иницијативи за застапување, самостојно или во партнерство со други организации.

Преку нашите активности ние се стремиме да ги поддржиме децата и нивните семејства во нивните напори да ги подобрат условите за живот и да се справат со основните ризици кои ја загрозуваат нивната благосостојба.

За нас е важно децата и младите да бидат слушнати и да имаат можност сами да ги застапуваат своите права.

prava na decata
prava na decata

Нашата работа е во согласност со Конвенцијата за правата на детето и се заснова на принципите наведени во Водичот за алтернативна грижа за децата. На меѓународно ниво, СОС Детски села Интернационал беше активен учесник во развојот на Водичот за алтернативна грижа усвоен од Организацијата на обединетите нации во 2009 година.

 

Контактирајте нè:

Филипина Негриевска 

Советник за развој на програми 

filipina.negrievska@sos.org.mk 

тел. + 389 (0)71 373 618 

Child protection policy