ВОЛОНТИРАЈ ВО СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА
СОС Детско село Македонија како здружение на граѓани во согласност со законот за волонтерство е организатор на волонтерска работа.
Преку вклучување на волонтери во нашата работа го подобруваме и поддржуваме квалитетот на нашата работа и воедно го промовираме волонтерството и општествената одговорност кај младите и младите професионалци во заедница. Истовремено ги зајакнуваме капацитетите и вештините на волонтерите и истите се стекнуваат со волонтерски ангажман и искуство.
Каде и како да аплицирам?
Објавување на оглас
СОС Детско село Македонија објавува оглас за потребата од волонтери на веб страната во делот кариера.
Како да аплицирате
Пополнете ја контакт формата овде,
или
Доставете ваша кратка биографија на е-маил: volontiraj@sos.org.mk и наведете за која програма аплицирате за волонтер.
Како е регулирана и организирана мојата работа?
СОС Детско село Македонија склучува договор за волонтирање со избраниот кандидат за волонтерското место.
Во договорот за волонтирање се дефинираат и трошоците кои се покриваат на волонтерот.
Избраниот кандидат добива опис на работните обврски во писмена форма, истото е дел од договорот за вработување и се запознава со своето работно опкружување.
Одговорното лице на програмата го воведува волонтерот во работата и спроведува кратка ориентација која се состои од запознавање со политиките на организацијата и полето на работа, вработените во програмата и условите за работа.
По завршување на волонтирањето на волонтерот му се издава волонтерска книшка.
Волонтерот може да приложи копија од волонтерската книшка при аплицирање за вработување со што работодавачот ќе добие информација за искуството и вештините со кои апликантот се стекнал за време на волонтирањето.