Подарок што менува животи
Драги пријатели,
Оваа Нова година, одберете подароци што носат празнична радост и поддршка за децата и младите без родителска грижа.
Ви го претставуваме Хуманитарниот новогодишен каталог на СОС Детско село за 2026-2027 година!
Од празнични честитки и уникатни лампиони, до едукативни картички, сликовница, боенка и меко плишано мече – секој подарок е можност да споделите радост и да придонесете за посреќно детство.
Веќе 25 години, заедно менуваме животи. Продолжете ја оваа приказна со подарок за вашите најблиски, вработени или деловни партнери.
Подарете од срце. Променете живот.
ХУМАНИТАРНА БОЕНКА „Една ѕвезда, една детска желба“
Подарете креативност и простор за детските желби!
Изработена во соработка со истакнатиот македонски уметник Ване Костуранов, боенката содржи осум оригинални цртежи посветени на она што му е потребно на секое дете: љубов, сигурност, топол дом, семејство и безгрижно детство.
Секој цртеж е посебно дело што може да се обои и врами, убав спомен и подарок со хуманитарна вредност.
Едукативна сликовница од СОС Детско село „НАЈИСКРЕНАТА ПРЕГРАТКА“
Понекогаш, една приказна е почеток на важен разговор.
„Најискрената прегратка“ е сликовница што ги поттикнува инклузијата, емпатијата, почитта и искрената детска љубов. Подарок за заедничко читање и разговор за прифаќањето на различностите.
Сликовницата е одобрена од Бирото за образование како материјал што поттикнува инклузија.
ЕДУКАТИВНИ КАРТИЧКИ „АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ“
Сликовницата е одобрена од Бирото за образование како материјал што поттикнува инклузија.
ПЛИШАНО МЕЧЕ „ГУШНИ МЕ СО ЉУБОВ“
Мало мече за топла прегратка и голема порака. Затоа што секое дете заслужува да расте со љубов и грижа.
Мекото плишано мече во крем боја доаѓа со маичка со пораката „Гушни ме со љубов“, достапна во црна, црвена и сина боја.
GIF ЧЕСТИТКИ
Испратете празнична порака што носи и хуманитарна вредност.
Изберете новогодишна GIF-честитка и споделете убави желби со вашите соработници, деловни партнери и пријатели, поддржувајќи ги децата и младите без родителска грижа.
Како да нарачате?
Јавете се на телефон
тел. 070 407-993
Испратете ја нарачката на e-mail:
novagodina@sos.org.mk
Достава:
Рок на достава: 3 до 5 работни дена по потврдена нарачка
Бесплатна достава: за нарачки со вредност над 15.000 денари низ целата држава
Можност за брендирање на честитките по ваша желба:
При креирање на нарачката, наведете дека сакате брендирање со лого и текст по ваша желба Минимална количина за брендирање: 50 честитки Бесплатна достава за над 200 брендирани честитки
Ви благодариме од што сте дел од нашата приказна и што верувате во нашата мисија.