Тип на донација
Сума

или

Почнувајќи од 2001 година, СОС Детско село Македонија веќе 20 години е посветено на грижа и поддршка на децата и младите без родителска грижа.

Почнувајќи од 2001 година, СОС Детско село Македонија веќе 20 години е посветено на грижа и поддршка на децата и млади..

Структура на организацијата

 СОС Детско село ја започнува својата работа со формирање на Здружението на граѓани во 2001 година. Од приемот на првото дете во 2002 година, организaцијата континуирано се развива и го проширува своето поле на делување.  Денес, СОС Детско село се грижи за децата и младите без родителска грижа и посветено работи на полето на социјална превенција. Ги зајакнува семејствата во социјален ризик во кои децата се во најголем ризик да ја загубат грижата од своите родители.

Истовремено, имплементира и многу програми и проекти за деца и млади во социјален ризик, како и проекти за градење на капацитети на институциите и професионалците кои работат во системот на згрижување на деца без родителска грижа. Активно ги застапува и лобира за оствaрување на детските права, како и за промени во законите и подзаконските акти, со цел создавање на поволна средина за пружање на висококвалитенти социјални услуги.

Генералното собрание и Управниот одбор се врховните тела одговорни за носење на одлуки. Националниот менаџмент тим е одговорен за реализацијата на сите програми и проекти на СОС Детско село.

struktura na organizacijata (sos detsko selo)

Генерално собрание на СОС Детско село Управен Одбор на СОС Детско село