3 ноември 2025
Развој на предлози за воведување на модел за професионализација на интервентни/
специјализирани згрижувачки семејства
СОС Детско село Македонија објавува повик за консултантски услуги за Развој на предлози
за воведување на модел за професионализација на интервентни и специјализирани
згрижувачки семејства.
СОС Детско село Македонија е Здружение на граѓани кое претставува дел од големото
семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација „СОС Детски
села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на
социјална заштита, социјална превенција и детски права. Воедно, сериозно се залага во
унапредување на јавните политики и регулативата поврзана со социјалната заштита (Изработка
на правилници за регулирање на социјални услуги, изработка на стандарди за згрижувачки
семејства, изработка на анализи и предлози за воведување на системот на социјални договори
итн.).
За да обезбедиме пристап до одржливи и квалитетни социјални услуги, стандарди во работата
на давателите на услуги и олеснет пристап до правата на граѓаните од социјална заштита,
потребно е унапредување на јавните политики, регулатива и практика.
Главната цел на проектот е поддршка на процесот на деинституционализација со фокус на
подобрување на благосостојбата и развојот на децата во ризик во Северна Македонија, преку
зајакнување на регулаторните системи за семејна грижа, поддршка на реинтеграцијата на
децата во безбедни семејни средини и јакнење на биолошките семејства во социјален ризик за
превенција од запоставување, насилство и отсуство на родителската грижа. Преку
специфичните цели и насочени интервенции, проектот ќе се справува со критичните празнини
во системот за згрижување, ќе ги унапредува законските и регулаторните рамки, ќе го прошири
пристапот до услугите за советување и превенција и ќе обезбедува специјализирана обука за
старателите и стручните работници од Центрите за социјална работа како и стручни лица од
областа на менталното здравје.
За остварување на главната цел на проектот дефинирани се 4 специфични цели, односно:
1. Унапредување на регулаторната рамка за да се подобри системот за поддршка на
згрижувачките семејства и децата во грижа.
Оваа специфична цел се фокусира на развивање на посилна регулаторна основа за
згрижување и услуги за поддршка на семејството, вклучувајќи и соодветна буџетска
распределба. Тоа пак, би придонело кон разјаснување на улогите и правата на згрижувачите и
воспоставување на структуриран процес за реинтеграција на децата од алтернативна грижа во
биолошка средина. Дополнително со активностите предвидени за оваа специфична цел ќе се
обезбедат појасни јавни политики за згрижувачите, како и одржливо финансирање за
социјалните услуги за алтернативна грижа (згрижувачки семејства).
2. Регрутирање на нови згрижувачки семејства за обезбедување на грижа за деца во
Скопскиот, Вардарскиот и Југоисточниот плански регион.
Од
СОС Детско село
Ул. Ристо Шишков бр.31,
1000 Скопје
T:+389 (0)2 3290 556
www.sos.org.mk
Оваа специфична цел се однесува на потребата од повеќе згрижувачки семејства преку
промовирање на згрижувањето и развивање алатки за проценка за да се обезбеди соодветен
процес на регрутација на згрижувачите. Клучни резултати на оваа специфична цел се
регрутирање на најмалку 40 нови згрижувачки семејства во три региони, подлабоко разбирање
на јавноста за згрижувањето и алатки за проценка на подготвеноста на згрижувачите.
3. Зајакнување на капацитетите на професионалците и згрижувачите за да се
обезбеди квалитет за згрижувањето.
Оваа специфична цел вклучува обуки на стручни лица и згрижувачи за различни методологии
чиј фокус е пристап за грижа за деца кој е заснован на знаење и информации за траумата
(траума информирана грижа). Обуките ќе вклучат најмалку 137 згрижувачи и професионалци,
кои стекнатите вештини ќе ги искористат за унапредување на згрижувањето на децата во
алтернативна грижа.
4. Подобрување на пристапот за јакнење на биолошки семејства во социјален ризик
преку услуги на советување.
Оваа специфична цел се стреми да го спречи напуштањето и запоставувањето на децата преку
зголемување на пристапот до советување за семејствата во ризик и промовирање на свеста за
заштита на децата. Преку оваа специфична цел ќе се креира кампања која има за цел да ја
информира општата јавност (најмалку 55.000 граѓани) за пристапот на позитивно родителство.
Дополнително ќе се отворат и две нови советувалишта во Кавадарци и Струмица со цел да се
зголемат ресурсите за поддршка на биолошките семејства и во другите региони освен во
Скопскиот, каде СОС ДС веќе има две советувалишта. Советувалиштата ќе обезбедат
поддршка за најмалку 220 родители и деца од биолошки семејства во ризик.
За да се подобри правниот статус на згрижувачките семејства како професионални даватели
на услуги, проектот ќе спроведе длабока анализа за да се идентификуваат празнините и
можностите во рамките на постоечката правна рамка во врска со регистрацијата на
згрижувачките родители како професионални даватели на услуги. Анализата, исто така, ќе
истражи како слични напори за професионализација се имплементирани во други сектори во
земјата и исто така ќе вклучи најдобри практики и правни рамки од различни земји.
Дополнително, анализата ќе се состои од проценка на трошоците и придобивките за да се
проценат финансиските импликации од компензацијата на згрижувачките родители како
професионални даватели на услуги, нагласувајќи ги долгорочните придобивки кои ова ќе го
донесе на системот за социјална заштита на децата.
Процесот ќе усвои партиципативен пристап, вклучувајќи ги клучните заинтересирани страни за
да се осигура дека нивните перспективи се интегрирани во препораките. Заинтересираните
страни ќе вклучуваат претставници од Советот на згрижувачи, креатори на политики од
Министерството за социјална политика, демографија и млади, претставници од Центрите за
поддршка на згрижувачките семејства, Институтот за социјални активности и други клучни
заинтересиранни страни.
Врз основа на наодите од оваа анализа, советникот за застапување и комуникација на
проектот, во соработка со консултантот и клучните акционери, ќе развие предлози за правни
реформи насочени кон професионализација на интервентните и специјализираните
згрижувачки семејства.
– Развивање на предлози за воведување на модел за професионализација на
интервентните и специјализираните згрижувачки семејства преку:
– Анализа на постојната законска и институционална рамка; поврзани со
професионализација на интервентните и специјализираните згрижувачки семејства
– Идентификација на правни недостатоци и можности за подобрување;
– Истражување и искористување на добрите практики на меѓународно ниво;
– Подготовка на предлог-модел за професионализација и соодветни правни предлог
измени;
– Проценка на трошоци и придобивки од воведувањето на моделот;
– Подготовка на сумиран извештај од сите анализи и проценки како основа за дефинирање
на моделот и правните предлог измени.
– Подготовка на документ за предлог политики (policy paper) со препораки за
Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ).
Пристап
Консултантот ќе користи комбинација од квантитативни и квалитативни методи, со цел целосно
да се опфатат сите аспекти на постојната пракса, предизвици и потреби за професионализација
на интервентни и специјализирани згрижувачки семејства.
Методите вклучуваат:
• Анализа на документација (content analysis) на законската, подзаконската и
институционалната рамка.
• Интервјуа со клучни актери од МСПДМ, ЦСР, ЈУ ЗСД и други релевантни институции.
• Фокус групи со згрижувачки семејства за разјаснување и проширување на
квантитативните податоци и за собирање квалитативни информации
Содржински опфат:
• Анализа на закони, подзаконски акти, национални стратегии и меѓународни стандарди.
• Квантитативни индикатори: фреквенција на одредби поврзани со финансиска
поддршка, обуки, надзор и стандардизација на згрижувачки семејства.
• Квалитативни индикатори: квалитет на регулативите, јасност на одредбите, иновативни
практики и нивната применливост
Оперативни методи за собирање на податоци:
Анкета
• Насочена кон згрижувачки семејства и институции за прибирање информации за
искуствата, предизвиците и потребите за професионализација.
• Квантитативни показатели: ниво на задоволство, број на обуки, финансиска поддршка,
типови интервенции
Интервјуа
• Структурирани и полуструктурирани интервјуа со клучни актери:
– Претставници на МСПДМ
– ЦСР и ЈУ ЗСД
– Центри за поддршка на згрижувачки семејства
• Цел: идентификација на правни и институционални пречки и добри практики.
Фокус групи
• Цел: длабинско разбирање на предизвиците и потребите на интервентни и
специјализирани згрижувачки семејства
• Користење на фокус групи ќе овозможи:
– Откривање спектар на идеи, чувства и искуства поврзани со
професионализацијата.
– Разбирање на разликите во перспективите помеѓу различни категории
згрижувачи (интервентни и специјализирани).
– Разјаснување на клучните прашања што произлегуваат од квантитативните
податоци.
Регрутирање на учесници
• Минимум 2 фокус групи, од Скопски плански регион.
• Големина на групите: 10–12 учесници.
• Учесници: згрижувачи регистрирани во ЦСР, од различни категории и ризични групи
Подготовка на фокус групи
• Осмислување на почетни, воведни, преодни, клучни и завршни прашања.
• Модерирање и евиденција на дискусиите.
• Анализа на податоците за идентификување на клучни теми, проблеми и препораки
Метод на анализа на податоците
• Квантитативни показатели:
– Количина и фреквенција на активности, обуки и финансиска поддршка.
– Степен на задоволство и инволвираност на згрижувачите.
• Квалитативни показатели:
– Индикации за квалитет на поддршка и професионализација.
– Идентификација на бариери, предизвици и потенцијални решенија.
• Синтеза на податоци: интегрирање на резултатите од документална анализа, анкети,
интервјуа и фокус групи за развој на предлог-модел и препораки.
Надворешниот експерт ќе се посвети на следниве клучни резултати:
– Иницијален план за работа (во рок од 5 дена по почеток на ангажманот).
– Извештај од анализата на правната рамка и добри практики на меѓународно ниво (ЕУ
и регионот)
– Извештај со заклучоци од консултациите со засегнатите страни
– Подготвен предлог-модел за професионализација на интервентни и специјализирани
згрижувачки семејства со проценка на трошоци и придобивки
– Подготвен документ за политики (Policy paper) со препораки за МСПДМ
– Презентација на наодите на завршен настан
– 15 дена подготовка и анализа
– 5 дена консултативен процес
– 2 недели за анализа и пишување извештај
– 10 дена развој на модел и финални препораки
Исплатата ќе се изврши во период од 15 дена по поднесувањето на конечната верзија на
документите на англиски и македонски јазик, за СОС Детско село.
При изборот на консултант/-ка ќе се земат предвид следниве услови:
– Високо образование, завршен Втор циклус – Постдипломски студии во областа на поле 5 –
Општествени науки и тоа Економски науки, Образование, Организациски науки и
управување(менаџмент), Политички науки, Правни науки, Јавна управа и администрација,
Психологија, Социологија, Социјална работа и социјална политика,
– Статистика согласно фраскатиева класификација;
– Најмалку 5 години релевантно искуство во развој на анализи, проценка на состојби и
физибилити студии итн;
– Искуство во развој на јавни политики;
– Докажано искуство со анализи на законски рамки и подготовка на policy papers;
– Одлични аналитички и комуникациски вештини.
– Искуство во раководење на консултативни процеси со повеќе различни општествени
актери
Задачи:
Ангажираниот надворешен консултант, во соработка со советникот за застапување и
комуникации на проектот и засегнатите страни, ќе ги спроведе следните активности;
Фаза 1: Подготовка и анализа
– Преглед на релевантна национална законска рамка, подзаконски акти и политики
поврзани со згрижувањето и услугите во заедницата;
– Анализа на постојните механизми за финансирање и компензација на згрижувачките
семејства;
– Истражување на модели за професионализација на згрижувачки семејства во други земји
(ЕУ и регионот);
– Идентификација на правни недостатоци и можности за унапредување на
професионализација на специјализирани и интервентни загрижувачки семејства во
домашниот контекст;
Фаза 2: Консултативен процес
Организација и модерирање на пет работни состаноци со клучните заинтересирани страни:
– МСПДМ
– Центри за поддршка на згрижувачки семејства
– ЈУ ЗСД – Скопје
– ЦСР Скопје
– Сумирање на сите релевантни информации од анализите, проценките и консултациите и
нивно интегрирање во наодите од анализата;
Фаза 3: Развој на модел и препораки
– Изработка на предлог-модел за професионализација на интервентни и специјализирани
згрижувачки семејства.
– Подготовка на предлози за правни и институционални измени за овозможување на
моделот.
– Изработка на проценка на трошоци и придобивки (cost-benefit analysis).
– Подготовка на документ за предлог политики (policy paper) со јасни препораки и чекори за
имплементација.
– Поддршка во подготовка и презентација на наодите на настан за застапување.
Заинтересираните кандидати и / или институции/организации најдоцна до 10 Ноември 2025
година треба да достават:
1. Писмо за изразување на интерес;
2. Кратка биографија / Curriculum vitae;
3. Краток опис на предлогот. Краток опис на методологијата на истражување, која треба
да содржи информации за пристапот во истражувањето. Условите на повикот
обезбедени од СОС Детско село ги содржат основните информации за креирање на
предлогот;
4. Финансиска понуда, која содржи број на консултантски денови потребни за
завршување на работата; – со сите вклучени трошоци (патни и административни)
потребни за истражувањето во Нето Износ
5. Референтна листа на претходни слични ангажмани;
Документите потребно е да се достават електронски со предмет на пораката: Повик за избор
на консултант за модел за професионализација на интервентни/ специјализирани
згрижувачки семејства на: kristina.dimitrievska@sos.org.mk. најдоцна до 10 Ноември 2025
година.