19 јули 2025
Марко внимателно го држеше јајцето во рацете.
Никогаш порано не бојадисувал велигденски јајца, па можеше да се почувствува неговиот страв.
“Што ако го скршам?” праша тивко и загрижено.
“Ништо, тогаш ќе земеме друго!”- му рече неговата “мама“ Биле со насмевка.
Марко не беше навикнат на втора шанса. Животот го научил дека работите што се кршат, не се заменуваат.
Но, оваа година во СОС Детско село беше поинаква.
Оваа година во згрижувачкото семејство, тој за првпат во животот имаше семејство кое му покажа дека љубовта не се крши – туку се гради и негува. Кога конечно го стави своето прво обоено јајце покрај другите, се насмевна. Тоа беше неговата мала победа, неговиот прв Велигден каде што се чувствуваше среќно и сигурно.
„Значи, вака изгледа кога некој те сака?“- и шепна задоволно на својата згрижувачка.
Нека овој Велигден биде посебен за сите деца!
Назад кон сите новости