Тип на донација
Сума

или

1 септември 2025

Заедно за повеќе насмевки!

Секое дете заслужува да расте во средина исполнета со љубов, сигурност и поддршка. За жал, многу деца без родителска грижа сè уште ја немаат таа можност. Но оваа есен, сите заедно можеме да направиме промена.

Од 1 септември до 30 ноември, со секое купување во Нептун, имате шанса да бидете дел од приказна полна со надеж. Доволно е само да ја заокружите својата сметка со износ по ваша желба и со тоа да донирате за децата и младите поддржани од СОС Детско село.

Вашата донација значи многу повеќе  – таа значи семејна средина, сигурност, поддршка во образованието и можност за среќно детство.
Секое заокружување е мал гест кој носи голема радост и повеќе насмевки.

👇Заедно можеме да создадеме иднина исполнета со љубов и сигурност за оние на кои тоа најмногу им е потребно.