Тип на донација
Сума

или

1 април 2025

Хуманост која обединува:Признание за најголемите поддржувачи на СОС Детско село

СОС Детско село го собра големото СОС семејство на веќе традиционалната  годишна церемонија за доделување признанија и изразување благодарност на најголемите донатори и поддржувачи за 2024 година.

„Под мотото „Силни родители = среќни деца“, ја истакнуваме важноста на стабилното и поддржувачко родителство. Преку нашите програми за „Позитивно родителство“ и „Јакнење на семејствата“, работиме на градење и зајакнување на капацитетите на родителите, создавајќи средина исполнета со љубов, сигурност и припадност за секое дете, како дел од процесот  на ПРЕВЕНЦИЈА децата да не бидат одвоени од своите биолошки семејства.“-истакна Претседателот на Управниот одбор на СОС Детско село, д-р Александар Трајковски во своето воведно обраќање.

Настанот ЕДНО СЕМЕЈСТВО се одржа во присуство на над 150 претставници од 50 компании, донатори и поддржувачи, кои уште еднаш покажаа дека освен успешни претприемачи се и големи филантропи кои несебично и посветено ја препознаваат и поддржуваат благородната мисија на СОС Детско село.
Почесен гостин беше Н.Е. Мартин Памер, амбасадорот на Австрија во Македонија, кој не само што ја претстави матичната земја на патронот на СОС Детско село – SOS Kinderdorf International Austria, туку и најави зголемена поддршка за поврзување на организацијата со австриските компании во земјата.

 

Најголема почест им беше оддадена на Најголемите корпоративни донатори за 2024 година, Алкалоид, Макпетрол, Нептун, Солиана, Макстил и Гранит кои директно поддржуваат непречено реализирање на тековни потреби  на повеќе СОС згрижувачки семејства и развојни активности за децата згрижени во овие семејства.

Повеќе години по ред Веро маркети и ЈП Водовод и канализација – Скопје добиваат награда за Промоција и поттикнување на индивидуалното донаторство. Преку поддршка на повеќе кампањи и оваа година повикаа илјадници граѓани да донираат и  направија позитивна разлика во животите на децата и младинците поддржани од СОС Детско село.

Компании кои со своите донации овозможија реализација на многу програми и проекти минатата година и добија Статуетка за значаен придонес и поддршка во 2024 година се: Осигурување Македонија Виена Иншуренс груп, Пивара Скопје, Флекс Кредит, Млекара Битола и Еуролинк Осигурување.

Плакета за придонес и поддршка им беше доделена дури на девет компании и тоа: ОКТА, Витаминка, Concentrix, ЈК Травел,  Биотек, Макпрогрес, Леар, Гентерм и А1 – за донации во средства и добра кои значително го подобрија квалитетот на животот на децата и младинците без родителска грижа.

Aristocrat Interactive, Cognism и CapCargo се трите компании кои добија Плакета за најголеми поддржувачи на проектот IT4Charity – хуманитарна иницијатива на СОС Детско село и ИТ заедницата со цел поддршка за децата без родители и поттикнување на еко навики за почиста и поздрава животна средина, бидејќи како што велат од СОС Детско село „Не е само доволно да се грижиме за нашите деца, важно е и каков свет ќе им оставиме“