16 октомври 2019
Здравата храна и правилна исхрана е многу важна за нашето здравје. Ние во СОС Детско село се грижиме за здравјето и се трудиме децата уште од најмала возраст да бидат информирани за влијанието на исхраната во нивниот правилен раст и развој.
По тој повод, денес во просториите на Ресурсниот центар во СОС Детско село се дружевме со другарчињата од трите градинки “13 Ноември“, “Кочо Рацин“ и “Раде Јовчевски Корчагин“ од Општина Центар. Боевме, цртавме, се забавувавме но и јадевме здраво овошје и зеленчук, бидејќи научивме дека тоа е навистина многу важно за нашето растење.
Ресурсниот центар на СОС Детско село го посети и Градоначалникот на Општина Центар Г. Саша Богдановиќ, кој ни даде поддршка во остварување на ваквите активности.
Ви благодариме другарчиња за убавиот ден и се надеваме ќе имаме уште многу заеднички дружби и активности.
Назад кон сите новости