Тип на донација
Сума

или

Ден на граѓанските организации

17 септември 2019

СОС Детско село дел од Ден на граѓанските организации

На 14 септември, по втор пат, се одржа Ден на граѓанските организации. Придонесот на граѓанските организации во општеството и заедницата е огромен и „Денот на граѓанските организации“ е одлична можност за граѓаните да се информираат, предложуваат и да се вклучат во иницијативите кои ги предводат здруженијата.

СОС Детско село беше дел од осумдесетте организации кои ги претставија својата работа и активности на платото Скендербег.

Како дел од активностите беше изведена моделациската вежба за справување со загуба.

Ден на граѓанските организации

СОС Детско село, особено низ работата со згрижувачките семејства и децата и млади без родителска грижа секојдневно работи на поддршка во справување со загуба.

Вежбата демонстрираше дека е важно да се идентификуваат видовите загуби што сите учесници во системот за заштита на децата ги доживуваат (загуби доживеани од деца, биолошки семејства, згрижувачки семејства, и посвојувачки семејства) за да се подготват да им помогнат во справување со загубата на најефикасен начин.

Низ оваа вежба присутните посетители имаа можност подобро да ја разберат работата на стручниот тим и згрижувачите во програмата за поддршка на згрижувачки семејства и развој на деца во СОС Детско село.

Ден на граѓанските организации

Една од главните нишки, покрај зајакнувањето на младите и семејствата во социјален ризик во осумнаесетгодишната работа на СОС Детско село во Македонија е грижата и поддршката на деца и млади без родителска грижа.

Подготвени и мотивирани згрижувачи се клучни во пружањето на љубов и грижа и овозможување на топла семејна средина за децата кои не по своја вина се справуваат со загуба на своите родители.

СОС Детско село и во моментов е во потрага по мотивирани личности кои имаат желба да станат згрижувачи. Целосниот оглас можете да го прочитате на овој линк, а за повеќе информации јавете се на телефонскиот број 071 373 306. Придружете му се на нашиот тим, а ние ќе ви овозможиме континуирана обука и поддршка во создавање на топол дом и грижа за овие деца.