СОС Детско село објавува повик за ангажирање надворешен експерт или експертски тим за изработка на проценка на потребите на децата без родителска грижа и децата во ризик да ја загубат родителската грижа.
Проценката ќе ги опфати Скопскиот, Вардарскиот и Југоисточниот плански регион, а предвидениот период за реализација е од 25 септември до 10 декември 2026 година.
Може да се пријави индивидуален експерт или експертски тим.
Понудата треба да содржи:
• писмо за интерес и кратко претставување на понудувачот/тимот;
• техничка понуда од најмногу 6 страници;
• биографии на предложените експерти и до три релевантни референци или примероци од слична работа;
• финансиска понуда;
• изјава за достапност и непостоење судир на интереси.
Понудата се доставува електронски на melina.tagarinska@sos.org.mk, со наслов „Понуда – Проценка на потреби“, најдоцна до 20 септември 2026 година.
Целосните услови, потребниот профил и деталите за ангажманот се достапни во документот подолу.





