Ре-објава: Повик за избор на консултант/-ка за градење капацитети на професионалци за подготовка и спроведување обуки

Огласи

СОС Детско село објавува повик за избор на консултант/-ка за градење капацитети на професионалци за подготовка и спроведување обуки за професионалци кои даваат услуги.

Целта на ангажманот е да се зајакнат капацитетите на 30 професионалци преку развој на нивните компетенции за планирање, дизајнирање, спроведување и евалуација на висококвалитетни програми за обука, согласно принципите на ADDIE методологијата и современите пристапи за учење на возрасни.

Ангажманот опфаќа подготовка на програма и материјали, спроведување две дводневни обуки за две групи од по 15 учесници, супервизорски сесии и подготовка на финален извештај. Вкупното времетраење на ангажманот е 10 работни дена.

Заинтересираните кандидати и/или институции и организации треба да достават:

• писмо за изразување интерес;
• CV;
• краток опис на методологијата и пристапот;
• финансиска понуда;
• референтна листа на претходни релевантни ангажмани.

Документите се доставуваат електронски на melina.tagarinska@sos.org.mk, со предмет на пораката: „Повик за избор на консултант за градење капацитети на професионалци за подготовка и спроведување обуки за професионалци кои даваат услуги“.

Краен рок за доставување на понудите е 15 ноември 2026 година.

Целосните услови и деталите за повикот се достапни во документот подолу.