Тип на донација
Сума

или

IT4Charity 2025: Заедно создаваме подобра иднина!

По седми пат, ИТ заедницата и СОС Детско село заедно прават позитивни промени! Оваа година целиме кон трансформација на животите на семејствата и деца во социјален ризик, истовремено придонесувајќи за еколошки промени.

 

it4charity 2025

Средствата собрани од IT4Charity 2025 се наменети за Програмата за позитивно родителство и зајакнување на семејствата на СОС Детско село, која обезбедува:

  • Поддршка за 45 семејства со социјални предизвици
  • Подобри можности за 120 деца изложени на ризик од губење на своето биолошко семејство
  • СОС Детско село работи на спречување раздвојување на семејствата, создавање сигурна и негувачка средина и градење посилни семејни врски. Со професионална помош, индивидуално и групно советување и поддршка за родителите, ја зајакнуваме детската самодоверба за да ги задржиме семејствата заедно.

 

IT4CHARITY 2025КОНЦЕПТ

it4charity concept

Зошто да се приклучите на IT4Charity 2025?

За Вашата компанија:

✔ Истакнете ги вашите општествено одговорни вредности
✔ Мотивирајте го вашиот тим преку хуманитарни и еко-активности

 

За заедницата:

✔ Обезбедете професионална помош за семејства во ризик
✔ Создадете трајно позитивно влијание врз децата

 

За Вас и Вашиот тим:

✔ Почувствувајте гордост за својот придонес
✔ Јакнете го тимскиот дух преку заеднички активности

 

КАКО МОЖЕДА УЧЕСТВУВАТЕ?

ДОНИРАЈ | ТРЧАЈ | РЕЦИКЛИРАЈ | САДИ

  • IT компаниите ДОНИРААТ за СОС Детско село

🎯 Поддршка за 45 семејства и 120 деца

  • Вработените ТРЧААТ на хуманитарна трка

🏃 Поттикнување на физичка активност и благосостојба

  • Вработените РЕЦИКЛИРААТ и донираат за СОС Детско село

♻ Преземете ја апликацијата на Пакомак, собирајте зелени поени и донирајте ги за СОС Детско село – ПАКОМАК ја удвојува донацијата!

  • Вработените САДАТ дрва во СОС Детско село

🌱 Придонес кон позелена иднина и поубава средина за децата

IT4CharityХУМАНИТАРНА ТРКА

📅 20.09.2025 | 🕙 10:00 часот | 📍 Школка, Градски парк
➡ Кружна патека од 3 км и 6 км
🎶 Забава со DJ, храна и пијалоци (храната и пијалоците се наплаќаат)

 

трка 2025

КАКОДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?

📩 За учество, ве молиме контактирајте не преку е-маил или телефон најдоцна до 8 септември, 2025 година

ljubica.atanasova@sos.org.mk  тел:+389 (0) 76 220 472 – Љубица

sofija.stojkov@sos.org.mk   тел: +389 (0) 75 387 953 – Софија

 

Приклучете се на IT4Charity 2025 и направете вистинска промена!

 

✨ Заедно создаваме подобра иднина! ✨

IT4CHARITY 2025 ПОДДРЖУВАЧИ

IT4CHARITY 2025 СПОНЗОРИ

IT4CHARITY 2025 ПРИЈАТЕЛИ

_____________________________________________

IT4CHARITY '24

IT4CHARITY 2024 ПОДДРЖУВАЧИ

IT4CHARITY 2024 СПОНЗОРИ

IT4CHARITY 2024 ПРИЈАТЕЛИ

_____________________________________________

IT4CHARITY '23

IT4CHARITY 2023 ПОДДРЖУВАЧИ

IT4CHARITY 2023 СПОНЗОРИ

_____________________________________________

Традицијата на IT4Charityпродолжува во 2022 со ГОЛЕМА IT ТРКА

 

Стартуваме на 20 Мај и завршуваме на 25 Септември со ГОЛЕМА IT ТРКА

Концептот напроектот е:

  • За секој поминат ЗЕЛЕН километар на вработените
  • Компанијата донира средства за СОС Детско село
  • Оваа година проектот ќе заврши со голема IT ТРКА

Како ИТ компаниите да севклучат во проектот?

Со добра волја, отворено срце и желба за поддршка на ранливите
Секоја ИТ компанијa која ќе сака да се приклучи на проектот е добродојдена да не контактира на: goran.velkovski@sos.org.mk

Како вработените од ИТ компаниите поддржувачида го започнат предизвикот?

  • Да ја преземат апликацијата Challenger на мобилен телефон
  • Да се регистрираат со компаниски маил
  • Вработените можат да се приклучат и во постоечките предизвици на самата апликација, а со тоа се борат да добијат директни награди и попусти во локални бизниси
  • Challenger го регистрира секој километар со помош на следните алатки: GoogleFit, Apple Health и Strava. Учесниците ќе треба да ја вклучат Strava пред да почнат да возат велосипед. Сите други активности (трчање и одење пеш) Challenger апликацијата ќе ги регистрира во позадина
  • Во текот на броењето на километрите вработените ќе добијат информации за да се регистрираат за ГОЛЕМАТА IT ТРКА.
  • Вработените ќе можат да учествуваат во ТРКАТА со трчање и возење велосипед.

Во остварување на целта од 30.000 ЕУР за поддршка на програмите на СОС Детско село, секоја компанија има можност да одбере еден од моделите за финансиска поддршка и со тоа да обезбеди пласман на компанијата за учество во проектот и секако учество на вработените за време на трката.

 

Наша цел е заеднички да собереме 30.000 ЕУР за поддршка на програмите на СОС Детско Село

 

Компании вклучени во маратонот:

Спонзори на IT4Charity2022

IT 4 Charity - edition 2021!

Погледнете ги интевјуата од нашите СОС пријатели и поддржувачи: