Повик за ангажирање експерт/експертски тим за изработка на проценка на потреби

Огласи

СОС Детско село објавува повик за ангажирање надворешен експерт или експертски тим за изработка на проценка на потребите на децата без родителска грижа и децата во ризик да ја загубат родителската грижа.

Проценката ќе ги опфати Скопскиот, Вардарскиот и Југоисточниот плански регион, а предвидениот период за реализација е од 25 септември до 10 декември 2026 година.

Може да се пријави индивидуален експерт или експертски тим.

Понудата треба да содржи:

• писмо за интерес и кратко претставување на понудувачот/тимот;
• техничка понуда од најмногу 6 страници;
• биографии на предложените експерти и до три релевантни референци или примероци од слична работа;
• финансиска понуда;
• изјава за достапност и непостоење судир на интереси.

Понудата се доставува електронски на melina.tagarinska@sos.org.mk, со наслов „Понуда – Проценка на потреби“, најдоцна до 20 септември 2026 година.

Целосните услови, потребниот профил и деталите за ангажманот се достапни во документот подолу.