Тип на донација
Сума

или

16 јули 2025

Ново партнерство за голема промена – FitKit и СОС Детско село!

Со голема радост ја објавуваме нашата соработка со FitKit – мобилната апликација која ве мотивира да се движите, да живеете поздраво, да се грижите за своето здравје, а сега и да поддржите деца и млади без родителска грижа или во социјален ризик.

Отсега, сите FitKit корисници имаат можност дел од FitKit кредитите да ги донираат на СОС Детско село и да помогнат да обезбедиме:
– сигурен дом и семејна грижа
– едукативна поддршка
– психо-социјална поддршка
– шанса за стабилна и успешна иднина

Секој дониран кредит е чекор поблиску до посигурно и посреќно утро за децата и младите од ранлива категорија.

Ако си FitKit корисник, отвори ја апликацијата, пронајди го профилот на СОС Детско село и приклучи се на оваа значајна иницијатива!

Донирај поени – менувај животи.