Тип на донација
Сума

или

Политика на заштита на приватност

 

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА (https://sos.org.mk)

 

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој СОС ДЕТСКО СЕЛО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ги обработува податоците на корисниците при посета на интернет страница www.sos.org.mk.

Со пристапот или со користењето на оваа веб страна, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на веб страната.

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот, обемот и целта на кој СОС ДЕТСКО СЕЛО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму:“корисник”) при посета на интернет страницата www.sos.org.mk (понатаму: ”интернет страница”).

Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да не контактирате и да ни поставите прашања или напишете коментари или да донирате преку нашата веб страница, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Вашите лични податоци ги обработуваме во согласност со Законот за заштита на личните податоци[1].
СОС Детско село Северна Македонија, како контролор на лични податоци, применува технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница. Сепак, доставувањето на личните податоци преку Интернет во принцип може да има безбедносни пропусти и не може да се гарантира апсолутна заштита.

 

  1. Назив и адреса на контролорот
  2. Офицери за заштита на личните податоци
  3. Како ги применуваме начелата за заштита на личните податоци?
  4. Која е правната основа и целта за обработка на Вашите лични податоци?
  5. Кои категории на лични податоци ги обработуваме?
  6. Собирање на општи податоци и информации
  7. Заштита на личните податоци при користење на Фејсбук
  8. Заштита на личните податоци при користење на Инстаграм
  9. Заштита на личните податоци при користење на YouTube
  10. Заштита на личните податоци при користење на Google Analytics
  11. Заштита на лични податоци при користење на epay модулот на Халк банка АД Скопје како обработувач на плаќање
  12. Дали вршиме пренос на лични податоци?
  13. Во кој рок ги чуваме личните податоци?
  14. Дали донесуваме одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци?
  15. Дали и на кого ги откриваме Вашите лични податоци?
  16. Кои се Вашите права како субјекти на личните податоци?
  17. Право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци
  18. Известување за измени и дополнувања на оваа политика
  19. Промена на политиката на приватност од Контролорот
  20. Прифаќање на условите

 

1.      Дефиниции

 

Лични податоци

Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

Субјект на личните податоци

Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.

Обработка на личните податоци

Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

Ограничување на обработката на податоците

Ограничување на обработката на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.

Профилирање

Профилирање е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.

Контролор

Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

Обработувач

Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Корисник

Корисник е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.

Трето лице

Трето лице е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.

Согласност

Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.

 

2.      Назив и адреса на контролорот

 

Здружение на граѓани СОС детско село Северна Македонија Скопје (СОС Детско село Македонија)

ул. Ристо Шишков бр. 31
1000 Скопје
Република Северна Македонија
Телефон: +389(0)2 3290 556
Е-маил адреса: selo@sos.org.mk
Веб страница: https://www.sos.org.mk

 

3.      Офицер за заштита на личните податоци

 

Васко Андонов
Телефон: 071 224 298
Е-маил адреса: vasko.andonov@sos.org.mk

Секој посетител на оваа веб страница, може во секое време директно да контактира со нашиот офицер за заштита на лични податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.

 

4.      Како ги применуваме начелата за заштита на личните податоци?

 

Законит, фер и транспарентен начин на обработка на личните податоци

Вашите лични податоци ги собираме и обработуваме исклучиво врз основа на Ваша согласност.

Ограничување на целта на обработката на личните податоци

Вашите лични податоци на веб страницата се собираат и обработуваат за да ви одговориме на прашањата и коментарите кога не контактирате, во случај кога донирате средства за да може да обезбедиме топол дом и грижа за секое дете, како и за да ви испраќаме електронско издание на нашиот билтен.

Вашите лични податоци не се предмет на натамошна обработка за цели различни од првично дефинираните.

Ограничување на обемот на личните податоци

Обработката на личните податоци е ограничена само на оние податоци кои се неопходни за да се исполнат целите на обработката. Обемот на личните податоци е соодветен на она што е потребно за исполнување на целите, определени во точка 5 од оваа политика за приватност. Доколку се појави потреба за дополнителна обработка на Вашите лични податоци, ќе Ве информираме и ќе побараме Ваша согласност за таа дополнителна обработка.

Точност на личните податоци

Спроведуваме разумни мерки за потврдување на точноста, за исправка и/или бришење на неточните лични податоци кои ги обработуваме. Покрај овие мерки, Ви овозможуваме да го остварите Вашето право да побарате исправка, дополнување или бришење на личните податоци на лесен и едноставен начин.

Ограничување на роковите на обработка на личните податоци

СОС Детско село Македонија води грижа, Вашите лични податоци да се чуваат во роковите предвидени во точка 15 од оваа политика за приватност. По изминувањето на роковите или по исполнување на целта за обработката, Вашите лични податоци се бришат.

Интегритет и доверливост на личните податоци

СОС Детско село Македонија презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци што се собираат преку оваа веб страница од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен само на лицата кои се посебно овластени за тоа.

 

5.      Која е правната основа и целта за обработка на Вашите лични податоци?

 

Нашата веб страница собира лични податоци исклучиво од субјектите на лични податоци како нејзини посетители.

Правна основа

Правна основа за обработка на Вашите лични податоци преку формите поставени на веб страницата, и тоа: „Контакт форма“, „Пополни форма“, Стани СОС пријател“ , „Newsletter“ и „пријави Насилство“ е Вашата согласност.

Согласноста е правна основа и за објавување на фотографии на нашата веб страница.

Цели

Преку „Контакт форма“ ги обработуваме Вашите лични податоци за да одговориме на Вашите прашања или коментари.

Преку „Донирај онлајн“ и преку формата „Стани СОС пријател“ ги обработуваме Вашите лични податоци како донатор на средства со кои ни помагате да обезбедиме топол дом и грижа за секое дете.

Преку формата „Newsletter“ ги обработуваме Вашите лични податоци за да Ви испраќаме електронско издание на нашиот билтен. Електронското издание на нашиот билтен може да го добиете на е-пошта или Viber, само врз основа на Ваша согласност која имате право да ја дадете при пристап на нашата web страна со одбирање на опцијата: “Сакам да добивам новости на мојата е-маил адреса или Viber”.

Може да се одјавите од добивање на електронски билтен преку опцијата: “За да се одјавите од овој newsletter, Ве молиме кликнете тука.”

Преку формата „Пријави сомнеж“ ги обработуваме Вашите податоци за потребите на процесирање на пријавата пред надлежни институции и обработка на истите за потреби на интерни процедури.

 

6.      Кои категории на лични податоци ги обработуваме?

 

Контакт форма

Нашата веб страница Ви овозможува брз контакт и директна комуникација со нас преку „Контакт форма“ или преку е-маил адреса, при што Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат, за да одговориме на Вашите прашања и коментари. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица.

Доколку сакате да не контактирате, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци при што како категорија на лични податоци кои ќе бидат обработени од наша страна, се:

  • име и презиме,
  • податоци за контакт (адреса, град и поштенски код, е-маил адреса)
  • IP адреса (се зачувува автоматски)

Стани СОС пријател:

Нашата веб страница Ви овозможува да донирате средства со кои ни помагате да обезбедиме топол дом и грижа за секое дете. Вашата донација можете да ја донирате преку „Пополни форма“ или „Стани СОС пријател“, при што Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица.

Доколку сакате да донирате средства со кои ни помагате да обезбедиме топол дом и грижа за секое дете, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:

Задолжителни податоци

  • име и презиме
  • е-маил адреса
  • податок за сумата што се донира
  • IP адреса (се зачувува автоматски)

Незадолжителни податоци

  • телефонски број
  • компанија
  • датум на раѓање (за добивање на роденденска честитка)
  • адреса (за добивање на подарок)

Newsletter (електронски билтен):

За редовно да бидете известени за активностите на СОС Детско село Северна Македонија, имате можност да се пријавите да го добивате нашиот билтен (newsletter).

Нашиот билтен може да го добивате само ако (1) имате важечка е-маил адреса и телефонски број и (2) ако сте се пријавиле за достава на билтенот.

Доколку сакате да Ви го испраќаме нашиот билтен во електронска форма, потребно е да го внесете Вашиот личен податок:

  • е-маил адреса
  • телефонски број (за достава преку апликацијата Viber)
  • IP адреса (се зачувува автоматски)

Фотографии

На нашата веб страница објавуваме фотографии исклучиво врз основа на претходно дадена согласност од страна на лицата кои се сликани на фотографијата.

 

7.      Собирање на општи податоци и информации

 

Нашата веб страница собира низа општи податоци и информации кога пристапувате до неа. Овие општи податоци и информации се зачувани во лог фајловите (датотеките) на серверот. Собраните податоци и информации може да се однесуваат на (1) видот на веб пребарувачот и користените верзии, (2) оперативниот систем што го користи системот за пристап, (3) веб страницата од која системот за пристап пристапува до нашата веб страница, (4) датумот и времето на пристап до веб страницата, (5) адресата на Интернет протоколот (IP адресата), (6) давателот на Интернет услуги на системот за пристап и (7) други слични информации што можат да се користат во случај на напад врз нашиот информациски систем.

При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за (1) правилно да ја испорачаме содржината на нашата веб страница, (2) да ја оптимизираме содржината на нашата веб страница, (3) да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на веб страницата, и (4) да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од Вашите лични податоци.

 

8.      Заштита на личните податоци при користење на Facebook

 

На нашата веб страница е интегрирана компонента на Facebook. Facebook е социјална мрежа – место за социјални состаноци на Интернет кое на корисниците им овозможува да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за пријателство.

Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада. Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле.

Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница.

Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook. Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook.

 

9.  Заштита на личните податоци при користење на Instagram

 

На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Instagram. Instagram е услуга која може да се опише како аудиовизуална платформа, која на корисниците им овозможува споделување на фотографии и видеозаписи, како и ширење на таквите податоци на другите друштвени мрежи.

Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб страница сте ја посетиле.

Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци.

Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле нашата веб страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница.

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот линк https://help.instagram.com/155833707900388 и https://www.instagram.com/about/legal/privacy/.

 

10.  Заштита на личните податоци при користење на YouTube

 

На нашата веб страница  интегрирана е компоненти на YouTube. YouTube е Интернет видео портал кој овозможува бесплатно публикување на видео клипови, како и бесплатно гледање, прегледување и коментирање на истите. YouTube ви овозможува објавување на секаков вид на видео записи, при што може да имате целосен пристап до филмовите, ТВ емисиите, музичките видеа, најави и видеа направени од корисниците преку Интернет порталот.

Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку YouTube.

Со секое повикување на една од одделните страници на оваа Интернет страница, со која управува контролорот и на која е интегрирана компонента на YouTube (видео на YouTube), автоматски се бара веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот да ја преземе соодветната компонента на YouTube. Дополнителни информации за YouTube може да најдете на https://www.youtube.com/about/.

YouTube и Google ќе добијат информации преку компонентата YouTube дека субјектот на личните податоци ја посетил нашата веб страница, доколку субјектот на личните податоци за време на повикот на нашата веб страница е најавен на YouTube; ова се случува без оглед дали лицето кликнало видео на YouTube или не. Доколку субјектот на личните податоци не сака оваа информација да биде пренесена до YouTube и Google во тој случај треба да се одјави од сопствениот профил на YouTube пред да ја повика на нашата веб страница.

Одредбите за заштита на личните податоци на YouTube, достапни на https://www.google.com/intl/en/policies/privacy/, обезбедуваат информации за собирање, обработка и употреба на личните податоци од YouTube и Google.

 

11.  Заштита на личните податоци при користење на Google Analytics

 

На нашата веб страница, интегрирана е компонентата Google Analytics. Google Analytics е услуга за веб анализа – собирање и анализа на податоците за однесувањето на корисниците на веб страниците. Меѓу другото, се собираат информации за веб страницата од која потекнува корисникот (т.н. Referrer), како и колку често и колку долго трае посетата на веб страницата. Веб анализата главно се користи за оптимизирање на веб страницата.

Компанијата што ја обезбедува компонентата Google Analytics е Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска.

Google Analytics поставува колаче на информацискиот систем на корисникот. Дефиницијата за колачиња е објаснета погоре. Со поставување колаче, Google може да ја анализира употребата на нашата веб страница. Колачето се користи за собирање и чување на лични податоци, како што се времето на пристап, местото од каде се пристапува и зачестеноста на посетите на нашата веб страница од страна на корисникот. Со секоја посета на нашата веб страница, ваквите лични податоци, вклучително и IP-адресата што ја користи корисникот за пристап до Интернет, ќе бидат пренесени на Google во САД и зачувани од Google во САД. Google може да ги пренесе овие лични податоци на трети лица.

Со соодветно прилагодување на веб пребарувачот можете да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница, но и трајно да забраните поставување на колачиња. Ваквото прилагодување на веб пребарувачот исто така би спречило Google Analytics да поставува колачиња на Вашиот информациски систем. Покрај тоа, колачињата што веќе ги користи Google Analytics може да се избришат во секое време преку веб пребарувач или други софтверски програми.

Воедно, можете да преземете и инсталирате додаток на веб пребарувачот на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout. Овој додаток на веб пребарувачот му кажува на Google Analytics преку JavaScript да не се пренесуваат какви било податоци и информации за Вашите посети на веб страници. Инсталирањето додатоци на пребарувачот се смета за приговор кон Google. Ако Вашиот информациски систем подоцна е избришан, форматиран или повторно инсталиран, мора повторно да ги инсталирате додатоците на веб пребарувачот за да го оневозможи Google Analytics. Ако додатокот на веб пребарувачот е деинсталиран или оневозможен, можно е повторно да се инсталира или активира.

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на податоците од Google може да се преземат на:

https://policies.google.com/privacy?hl=en и

https://marketingplatform.google.com/about/analytics/terms/us/.

Google Analytics е дополнително објаснет на следниот линк:

https://marketingplatform.google.com/about/analytics/.

 

12.  Заштита на личните податоци при користење на epay модулот на Халк банка АД Скопје како обработувач за донираните средства

 

На нашата веб страница интегрирана е компонентата https://epay.halkbank.mk/ на Халк Банка АД Скопје. Еpay на Халк банка АД Скопје е услуга за плаќање која овозможува безготовинско плаќање на Интернет. Еpay на Халк банка АД Скопје е техничка постапка со која ние, веднаш добиваме потврда за наплата на донацијата.

Податоци кои се разменуваат со Еpay на Халк банка АД Скопје за цели на реализација на процесот на плаќање и спречување злоупотреби се: почетен датум, краен датум, број на донација (трансакцијата), идентификациски број, име и презиме на донаторот, назив на банката, тип и статус.

Важечки одредби за заштита на личните податоци на Халк банка АД Скопје можат да се најдат на следниот линкови:

https://halkbank.mk/content/pdf/Политика_за_приватност.pdf

Доколку одлучите да донирате личните податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.

 

13.  Дали вршиме пренос на лични податоци?

 

Серверите на веб страницата СОС Детско село Северна Македонија се во Франција со што се врши пренос на личните податоци во ЕУ.

 

14.  Во кои рокови ги чуваме личните податоци

 

Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци за некоја од целите на користење на веб страницата на СОС Детско село Македонија, Вашите лични податоци ќе бидат избришани.

Личните податоци доставени преку:

  • „Контакт форма“ се чуваат најдолго 6 месеци од денот на доставување на пораката.
  • „Пополни форма“ или „Стани СОС пријател“ се чуваат ____ од денот на донацијата.
  • „Newsletter“ се чуваат до повлекување на дадената согласност
  • Фотографите се бришат најдоцна во рок од ____ години од нивното објавување на веб страницата.

Вашите лични податоци ги обработуваме и чуваме само во времето потребно за постигнување на целта заради која се собрани.

Ако престанала целта заради која се обработуваат или ако истече рокот на чување, пропишан во нашите интерни акти, личните податоци се бришат или се ограничува нивната обработка.

 

15.  Дали донесуваме одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци?

 

СОС Детско село Северна Македонија не донесува поединечни одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци вклучувајќи и профилирање.

 

16.  Дали и на кого ги откриеме Вашите лични податоци согласно закон

 

Вашите лични податоци ќе ги откриеме на надлежни државни органи за цели на водење на постапки согласно закон. За секое откривање на Вашите лични податоци, ќе водиме писмена евиденција и ќе Ве известиме на соодветен начин.

Доколку во иднина се појави потреба за откривање на податоците на трето лице кои не се предвидени во оваа Политика, ќе побараме Ваша согласност онаму каде што е тоа неопходно и ќе извршиме дополнување на Политиката за приватност пред таа обработка воопшто да започне.

 

17.  Кои се Вашите права како субјекти на лични податоци?

 

а) Право на потврда

Како субјект на лични податоци (посетител или корисник на веб страницата или донатор на средства) имате право да добиете потврда од СОС Детско село Северна Македонија дали ги обработуваме Вашите лични податоци.

б) Право на пристап

Во секое време, имате право да добиете информации од СОС Детско село Северна Македонија за Вашите лични податоци, како и копија од овие податоци. ЗЗЛП Ви гарантира пристап до следниве информации:

  • цел на обработката;
  • категории на личните податоци;
  • корисници или категории на корисници на кои им биле откриени или ќе бидат откриени личните податоци;
  • ако е можно, време на чување на личните податоци или ако тоа не е можно, критериумите користени за одредување на времето на чување;
  • постоење на право да се бара исправка или бришење на лични податоци или ограничување на обработката на лични податоци;
  • постоење на право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци;
  • кога личните податоци не се собрани од Вас, сите достапни информации за изворот на лични податоци;
  • постоење на автоматско донесување одлуки, вклучително и профилирање, и во тие случаи, релевантни информации за вклучената логика, како и значењето и предвидените последици на таквата обработка за субјектот.

Покрај тоа, имате право да добиете информации за тоа дали личните податоци се пренесени во трета земја, како и за соодветните заштитни мерки во врска со преносот.

в) Право на исправка

Имате право да добиете исправка на Вашите неточни лични податоци без непотребно одложување. Земајќи ги предвид целите на обработката, имате право да ги дополните нецелосните лични податоци.

г) Право на бришење („Право да се биде заборавен“)

Имате право да барате бришење на Вашите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови:

  • Личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои се собрани или за кои се обработуваат;
  • Сте ја повлекле согласноста на која се заснова обработката, а не постои друга правна основа за обработка;
  • Сте приговарале на обработката;
  • Обработката на личните податоци е незаконита.

д) Право на ограничувања за обработка

Имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци, доколку е исполнет еден од следниве услови:

  • ја оспорувате точноста на личните податоци, за период кој ќе ни овозможи да ја провериме нивната точност;
  • обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето на личните податоци, а наместо тоа бара ограничување на нивната обработка;
  • СОС Детско село Македонија нема повеќе потреба да ги обработува Вашите лични податоци, но Вам Ви се потребно за воспоставување, остварување или одбрана на Вашите правни барања;
  • Приговарате на обработката, во очекување на верификација дали нашите легитимни интереси преовладуваат над Вашите интереси.

ѓ) Право на повлекување согласност за заштита на податоците

Согласноста за обработка на Вашите лични податоци, имате право да ја повлечете во секое време.

Офицерот за заштита на личните податоци ќе постапи по Вашето барање за остварување на Вашите права без одлагање.

За сите прашања во врска со заштитата на личните податоци, може во секое време да го контактирате офицерот за заштита на лични податоци на:

Телефон: + 389 (0)71 224 298

Е-маил адреса: vasko.andonov@sos.org.mk

 

18.  Право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци

 

Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до:

Агенција за заштита на личните податоци
бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје

https://www.dzlp.mk/

info@privacy.mk

 

19. Промена на политиката на приватност од Контролорот

 

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страница, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. На секој корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа Политиката за приватност и да ги прочита нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страница, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

 

20. Прифаќање на условите

 

Со користењето на интернет страницата www.sos.org.mk, се согласувате со условите од Политиката за приватност на СОС Детско село Северна Македонија. Доколку не се согласувате, Ве молиме не ја користете интернет страницата на СОС Детско село Северна Македонија.

Скопје, 20.10.2023 година