Зошто ни е потребна вашата помош?

Во овој период СОС Детско село континуирано поддржува повеќе од 70 деца и млади, овозможувајќи им да растат во сигурна семејна средина, да го завршат образованието и да добијат можност за вработување.
Даваме стручна поддршка на 80 згрижувачки семејства.
Вашата еднократна или месечна донација ги покрива овие трошоци и овозможува втора шанса за среќен живот.

Кои сме ние?

СОС Детско село од 2002 година дава директна стручна и финансиска поддршка на згрижувачи кои се грижат за деца без родителска грижа.
Дополнително од 2007 година делуваме и на полето на превенција преку родителски обуки и советувања за зајакнување на семејствата и да спречиме раздвојување на детето од семејството.
Нашата визија е ниту едно дете да не расте само!

Избери износ

Донирај
Пополни го полето за датум на раѓање
во формат: yyyy-mm-dd
и добиј роденденска честитка
Пополни го полето за адреса и добиј подарок
Во СОС Детско село, ние сме посветени на заштита на вашата приватност и обезбедување на безбедноста на вашите лични информации. Информациите од платежните картички не се достапни за нашиот систем во ниту еден момент. Ја сфаќаме вашата приватност сериозно и имаме имплементирано мерки за заштита на вашите податоци.

За овие 22 години:

деца и млади се обезбедени со топол дом, љубов и семејна грижа
деца спречивме да бидат разделени од биолошките семејства
поддржани семејства во ризик
млади да ги зајакнат своите вештини и можности за вработување

Приказни

Ангела
7, Скопје

 

Се викам Ангела.

Имав 7 години кога дојдов да живеам во куќата на мама Мира во СОС Детско село. Не памтам многу, знам само дека беше почеток на април, Велигден. Уште еден празник каде семејствата се заедно. Среќни и безгрижни сеќавања, толку важни за секое дете. За жал, не и за мене. Мене празниците ме потсетуваа на тага и осаменост.

Памтам дека влегов во куќата исплашена и збунета. Мама Мира ми подаде топлинки. Рече дека ги купила за мене. Ме збуни дека дотогаш немав топлинки.  Внатре имаше три деца, разиграни и насмеани. Кога ме видоа се стрчаа да ме гушнат. Уште бев исплашена и збунета, ама веќе не толку многу.

Мама Мира вадеше чинии и прибор. Децата ги носеа на масата и ги редеа. Цело време се смееја и си потпевнуваа некоја песна. Седев на еден крај од каучот во дневната настрана од сета оваа семејна „гужва“, смеа, врева – која ми се чинеше дека е некоја серија од телевизија.
По кратко време, ја осетив раката на мама Мира како ме гали по косата. Ми рече: „Ајде Ангела, дојди да ручаме“. Се збунив и се трудев да не се расплачам. Тогаш мама Мира ме гушна, ме бакна по косата и ми шепна: „Се’ ќе биде во ред. Сега си дома.“

Денес имам 24 години. Сопруга сум и мајка на едногодишен син… Правам се’ мојот син да расте со истите љубов и топлина кои ги имав во моето семејство со мама Мира, со Неда, со Јасмин и другите деца.
Велигденскиот ручек кај мама Мира во СОС Детско село ни остана традиција. Да ми кажевте дека тоа збунето, исплашено седумгодишно девојче еден ден ќе има ваква семејна среќа, искрена да бидам, немаше да ви верувам.

Денес знам дека среќата и радоста кои ги добив во СОС Детско село се должат на многу луѓе кои верувале во мојата мама Мира. Мојата детска среќа и денешна семејна идила, и среќата на многу нас, се должи на многу луѓе кои донирале во СОС Детско село.

Мојата соба од детството денес ја делат Даниела и Елена. Ним им требате Вие.
Со Вашата донација ќе овозможите многу деца да растат во топол дом, да имаат празници исполнети со семејна љубов, грижа и убави сеќавања.

Донирај
Прочитај повеќе
Раде
8, Скопје

 

Дали го знаете она чувство кога не можете да најдете зборови со кои ќе објасните што ви лежи на душата?  Миговите кога имате бура од емоции, а сте неми?
Можете ли само да замислите што чувствува едно дете кое одеднаш останало само?

Раде имаше само 8 години кога дојде во СОС Детско село.  Останал сам. Судбината си поиграла со него. Одкако беше дојден во згрижувачкото семејство на мама Буба тој не изусти ниту еден единствен збор. Само молчеше и немо гледаше.
Во тие сини очиња во исто време се препознаваа страв, тага, бес, лутина…но и надеж.

Требаше да поминат 8 месеци Раде да ја препознае сигурноста и безусловната поддршка на СОС мама Љубица.  Нејзиното трпение и љубов докажа дека се е можно.

И така едноставно, едно предновогодишно утро, под накитената елка мама Буба најде порака која и ги насолзи очите, а во исто време и го стопли срцето.

На ливчето стоеше: “Мама Бубa ти благодарам за се, оваа година не ми треба ништо повеќе од Дедо Мраз!“

Не е лесно да бидеш храбар, особено не кога имаш 5, 8 или 10 години…
Но, со сигурност можеме да кажеме дека на секое дете му е многу полесно, кога има некој што ќе го разбере, сака и гушне за добра ноќ. Некој кој трпеливо ќе чека.
Бидејќи ќе знае дека еден ден ќе дојде вистинско време кога се што е не е изговорено ќе биде кажано.

Донирај
Прочитај повеќе

Често поставувани прашања

Зошто бараме твоја поддршка?

Во Македонија, 1029 деца живеат без родителска грижа. Празниците за овие деца се особено тешки. Повеќето од нив сонуваат за основни нешта што ние ги земаме здраво за готово: прегратка, мирна ноќ, дом, семејна атмосфера, чувство дека некој ќе остане.

Што овозможува твојата месечна донација?

Со твојата поддршка, овозможуваме: Топли празнични денови исполнети со мир и стабилност – нешта што многу деца никогаш не ги почувствувале. Настани, дружби и активности што ги зближуваат децата и згрижувачите. Чувство на припадност. Средина во која детето ќе почувствува: „Некаде припаѓам.“ Емоционална поддршка. За да ги надминат стравовите, вознемиреноста и траумите што ги носат. Секоја донација е чекор кон празници исполети со радост наместо страв.

Како твојата донација го менува секојдневието на децата?

Помага на едно дете:
– да верува дека не е само
– да се чувствува заштитено
– да ја добие грижата што му недостасувала
– да гради доверба кон останатите
– да се насмее без страв
– да почувствува дека конечно има дом

Зошто месечна донација?

Траумите на овие деца не исчезнуваат брзо.
Потребна е континуирана, стабилна грижа за да се создаде чувство на сигурност.

Месечната донација овозможува:
редовна грижа
планирани активности
континуирана емоционална поддршка
празници и секојдневие без страв

Ти можеш да бидеш причината едно дете да почувствува:
„Конечно сум на безбедно место.“

Зошто СОС Детско село?

СОС Детско Село е најголемата организација за грижа и поддршка на деца без родителска грижа во Македонија.
Повеќе од 20 години создава домови исполнети со сигурност, стабилност и љубов.
За жал, статистичките податоци покажуваат дека околу 8.000 деца во Македонија се во ризик.
Меѓу нив:
• 1.029 деца се без родителска грижа,
• 3.994 деца живеат во заедници со брачни и семејни проблеми,
• 2.768 деца се во друг вид социјален ризик.
Овие бројки не се само статистика.
Тие се илјадници животи — илјадници детски срца што чекаат поддршка, сигурност и шанса за подобра иднина.
Секоја донација се користи целосно транспарентно – таму каде што е најпотребно.
Биди дел од детството што го заслужуваат. Биди дел од нивната надеж.

Донирај

Претплатете се за Newsletter (Електронски билтен)

Дали сакате да добивате информации за нашите активности?

Со тоа што ни ја давате вашата идентификациона адреса на е-пошта за да ги добивате нашите СОС Вести, вие се согласувате да добивате комерцијални информации по електронски пат.