Со твојата донација можеш да помогнеш и да ја промениш приказната на многу деца.
Да создадеш втора шанса за љубов и семејство.
Донирај СЕГА за децата без родителска грижа.
Со твојата донација можеш да помогнеш и да ја промениш приказната на многу деца.
Да создадеш втора шанса за љубов и семејство.
Донирај СЕГА за децата без родителска грижа.
Во Македонија, 1029 деца живеат без родителска грижа. Празниците за овие деца се особено тешки. Повеќето од нив сонуваат за основни нешта што ние ги земаме здраво за готово: прегратка, мирна ноќ, дом, семејна атмосфера, чувство дека некој ќе остане.
Со твојата поддршка, овозможуваме: Топли празнични денови исполнети со мир и стабилност – нешта што многу деца никогаш не ги почувствувале. Настани, дружби и активности што ги зближуваат децата и згрижувачите. Чувство на припадност. Средина во која детето ќе почувствува: „Некаде припаѓам.“ Емоционална поддршка. За да ги надминат стравовите, вознемиреноста и траумите што ги носат. Секоја донација е чекор кон празници исполети со радост наместо страв.
Помага на едно дете:
– да верува дека не е само
– да се чувствува заштитено
– да ја добие грижата што му недостасувала
– да гради доверба кон останатите
– да се насмее без страв
– да почувствува дека конечно има дом
Траумите на овие деца не исчезнуваат брзо.
Потребна е континуирана, стабилна грижа за да се создаде чувство на сигурност.
Месечната донација овозможува:
редовна грижа
планирани активности
континуирана емоционална поддршка
празници и секојдневие без страв
Ти можеш да бидеш причината едно дете да почувствува:
„Конечно сум на безбедно место.“
СОС Детско Село е најголемата организација за грижа и поддршка на деца без родителска грижа во Македонија.
Повеќе од 20 години создава домови исполнети со сигурност, стабилност и љубов.
За жал, статистичките податоци покажуваат дека околу 8.000 деца во Македонија се во ризик.
Меѓу нив:
• 1.029 деца се без родителска грижа,
• 3.994 деца живеат во заедници со брачни и семејни проблеми,
• 2.768 деца се во друг вид социјален ризик.
Овие бројки не се само статистика.
Тие се илјадници животи — илјадници детски срца што чекаат поддршка, сигурност и шанса за подобра иднина.
Секоја донација се користи целосно транспарентно – таму каде што е најпотребно.
Биди дел од детството што го заслужуваат. Биди дел од нивната надеж.