За некое дете, со твојата донација можеш да бидеш сè
Во прегратката на едно мече, детето бара утеха, сигурност, некој што нема да замине.
За многу деца без родителска грижа, тоа мече е сè што имаат. Симбол на нежност, на детство што преживеало повеќе отколку што треба.
Но секое дете заслужува повеќе од тишина и страв. Заслужува личност која ќе го разбере, ќе го слушне, ќе му помогне да заздрави од она што не се гледа – од болката што останува длабоко во него.