Тип на донација
Сума

или

majka i dete sos detsko selo

6 мај 2020

Решението може да е наопаку

Маја многу го сака нејзиниот малечок брат Дамјан. „Многу се гушкаме, ама малку ме нервира кога треба да пишувам домашно,“ ни кажа искрено.

Кога Дамјан дојде во СОС Детското село имаше една година, не можеше да оди и беше слаб. Грижата и љубовта на СОС мама Васка, на Маја и другите три деца во куќата набрзо го претворија Дамјан во весело момче со румени обравчиња.

За кратко време Дамјан прооде. Отпрвин несигурно, но набрзо почна да трча туркајќи сé што му стои на пат. Посебно му стана интересна масичката на тркалца во дневната соба.

„На почеток се смеев. После кога почна да ми ја бутка масичката на која пишував домашно, престана да ми биде смешно,“ се пожали Маја.

Таа, како и сите други ученици, ја следи наставата од дома веќе два месеци. Некои предмети ѝ се лесни, но за некои ѝ треба повеќе време, како на пример за математика. „Кај ми е тешка математиката, уште треба и со Дамјан да се борам…“

dete sos detsko selo

Мама Васка веднаш најде решение. Ја преврте масичката наопаку, темелно ја избриша и дезинфицира, посебно четирите тркалца. И оп – Дамјан веќе не може да ја турка.

Сега, Маја и нејзините браќа и сестри можат непречено да пишуваат домашно, а четирите тркалца станаа новата играчка на Дамјан.