Тип на донација
Сума

или

zeni vo nashata organizacija

13 март 2021

Жените во нашата организација

Жените во нашата организација исполнуваат клучните улоги како стручни лица, професионални згрижувачи, воспитувачи. Со секојдневното делување практикувајќи лидерство тие влијаат врз промените кои се случуваат во животите на нашите деца и млади. На ваков начин нашата организација осигурува дека девојчињата и младите жени се доволно охрабрени за да се заштитат од родово базирано насилство, да постигнат еднаквост во сите сфери на животот. Свесни дека родовите стереотипи започнуваат во семејството, преку континуирана едукација и советување, работиме на зголемување на свесноста за потребата од родова еднаквост на сите нивоа и зајакнување на девојчињата и жените.

zeni vo nashata organizacija

Во изминатиот период за жал пандемијата Ковид 19 ги нагласи родовите нееднаквости. Девојчињата и жените се несразмерно погодени од оваа криза. Жените се соочуваат со огромен предизвик да обезбедат  приходи, да го водат домаќинството, да обезбедат сигурна иднина за своите деца. Во исто време и жените, но и младите девојките се под голем ризик да станат жртви  на семејно, сајбер насилство кое е родово базирано.

Последиците за жртвите се големи и покрај моментално делување , за целосно закрепнување и зајакнување потребна е континуирана поддршка и советување.

zeni vo nashata organizacija

СОС Детско село како организација се залагаме да пошироката заедница го смета злоупотребувањето како неприфатливо и посебно внимание посветуваме на промовирање на еднакви можности за девојчињата и момчињата.

На Меѓународниот ден на жената, 8 Март, се потсетивме на значењето на овој важен датум за женските права и родовата еднаквост.

На 8 Март организиравме едукативни трибини во Советувалиштата за родители и деца за да ги зајакнеме нашите корисници во полето на заштита од родово базирано насилство.

На 8 Март организиравме едукативни трибини со згрижувачите и стручните соработници за да ја истакнеме важноста од заштита на жртвите деца, без разлика дали биле сведоци или и самите го искусиле родово базираното насилство.

На 8 ми Март организиравме едукативни трибини со нашите млади , за да ја истакнеме важноста од превенција и заштита од родово базирано насилство, особено во интернет просторот.

На 8ми Март повикуваме да се стави крај на родовата нееднаквост и насилство и даваме поддршка на сите жртви на “Jaвна соба” со заложба никогаш да не се повтори делото.