Тип на донација
Сума

или

30 април 2025

Завршена обука за родово базирано и семејно насилство

На 29 април 2025 година, единаесет стручни работници од советувалиштата на СОС Детско село успешно ја завршија обуката за родово базирано и семејно насилство, реализирана во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Обуката беше дел од деветдневен интензивен циклус чија цел беше подготвување на професионалци за директна работа со жртви на насилство.

Покрај теоретската основа, обуката вклучи и практично справување со реални ситуации – симулации, студии на случај и супервизирани вежби – преку кои учесниците стекнаа вештини за препознавање, проценка на ризик и соодветно постапување во чувствителни случаи на семејно и родово базирано насилство.

„Работата со жртви на насилство бара длабоко разбирање, емпатија и подготвеност да се реагира навреме и соодветно. Преку оваа обука добивме токму тоа – конкретни алатки, но и охрабрување да бидеме гласот и поддршката што им е потребна“, изјави еден од учесниците.

Со ова се заокружува првиот чекор кон официјално добивање мандат од Министерството за труд и социјална политика. Следува процес на подготовка и поднесување на потребната документација, по чија реализација, советувалиштата на СОС Детско село ќе добијат овластување за стручна поддршка на жртви на семејно и родово базирано насилство.

Овој развој е значаен чекор не само за СОС Детско село, туку и за целото општество. Тој покажува дека кога стручноста се спои со хуманост, се создава систем кој е подготвен да ги заштити и поддржи најранливите.