Тип на донација
Сума

или

Застапување и градење на капацитети

 

ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ ЗА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ 

 

Како организација која е загрижена за добросостојбата на сите деца, постојано работиме на унапредување на нашите услуги и поддршката која ја даваме, но истовремено правиме и заложби да се подобри и пристапот на државните услуги до нашите корисници, иницираме нови социјални услуги, се вклучуваме во мрежи, платформи и партнерства за унапредување на законската регулатива која ја засега нашата целна група. 

Во изминатите години, подигнавме повеќе иницијативи, самостојно и со партнери, за подобрување на мерките за вработување на децата без родители и родителска грижа, зголемување на надоместокот за згрижување на децата, измени и унапредување на Правилникот за организирано живеење со поддршка, реализиравме компаративна анализа на стандардите за алтернативна грижа, учествувавме во развојот на Националната стратегија за млади во партнерство со Коалиција „Сега“. 

СОС Детско село Македонија беше иницијатор за создавање на неформалната Платформа на организации и институции во општина Гази Баба, за подобрување на ситуацијата на семејствата и децата во социјален ризик. Го дадовме нашиот придонес и како членови на координативното тело, фокус-групата и работните групи во приоритетните области образование и вработување и поддршка пред вработување на младите. Бевме активни учесници во процесот на креирање на локална стратегија за млади во општина Гази Баба за 2016-2020 година, како и Националната стратегија за млади 2016-2020 година. 

Во 2015 година, СОС Детско село Македонија започна со имплементација на проект 

финансиран од ИПА/ЕУ, насловен Преку социјални договори до одржливост. Главна цел на проектот е да придонесе кон подобрување на финансиската одржливост на граѓанските организации во Македонија, преку создавање поволна законска атмосфера за склучување на социјални договори со акредитирани организации, со што ќе се овозможи поширока палета на социјални услуги за корисниците, како и унапредување на нивниот квалитет. Иднината ја гледаме во плурализација на социјалните услуги, каде покрај државата и другите организации, установи и индивидуалци ќе можат да придонесат за развој на нови и поквалитетни услуги пред сѐ за децата и младите во социјални ризици, но и за другите социјално ранливи категории. 

 

ПАРТНЕРИ-простор за логоа