2 декември 2022
„Заокружи сметка“ во Веро е можност секој купувач да биде дел од детската радост.
Веро и оваа година го промовира значењето на индивидуалните донации меѓу своите потрошувачи, кои на едноставен начин можат да се вклучат и да донираат средства за децата поддржани од СОС Детско село.
Кампањата „Заокружи сметка“ и биди дел од детската радост започнa на 01 декември и ќе трае до 15 јануари 2023 година.
Во наведениот период, секој потрошувач кој пазарувал во Веро маркетите може да даде личен придонес и да донира одреден износ по сопствена желба за СОС Детско село во рамки на својата сметка. Односно при плаќањето на сметката на каса, потрошувачите може да „ја заокружат сметката“ на некој повисок износ, при што целата разлика меѓу износот на пазарувањето и заокружениот износ оди во хуманитарна цел, односно за децата без родители и родителска грижа.
Овој иновативен донациски концепт покрај тоа што има примарна цел да обезбеди донации за СОС Детско село, секундарна цел е да ја поттикне индивидуалната филантропија и солидарноста кај граѓаните.
Ги повикуваме купувачите да ја заокружат сметката на каса во Веро маркетите и да ја внесат магијата од нивниот дом во детските срца, да донираат и да бидат дел од детска радост.
Назад кон сите новости