Тип на донација
Сума

или

vraboteni sos detsko selo

14 октомври 2022

Вработените се нашата сила!

Како организација која се грижи за добросостојбата на сите деца, млади и семејства, така се грижиме и едни за други. Тимската работа, посветеноста, пожртвуваноста и подготвеноста се нашите главни двигатели.

Вработените се нашата сила!  И тоа не е доволно! Колку повеќе ќе се грижиме за другите ќе се грижиме и повеќе за нас зошто само мотивирани задоволни и исполнети вработени ќе не носат кон нови успеси и нови Јубилеи.

„Благодарна сум и горда што сум дел од ова СОС Семејство, и што работам во организација во која постојано учиш, се развиваш, се збогатуваш и стануваш подобар човек!“- изјави Јулијана Гапо, нашата Национална директорка.

На прашањето ЗОШТО посветено работиме, сите ние лесно ќе го дадеме одговорот на ова прашање, сите ние вработените во СОС Детско село го чувствуваме тоа во себе. Нашето ЗАТОА е нашата визија, идеите што нè водат во нашата работа е „секое дете да расте со љубов, почит и сигурност“.

vraboteni sos detsko selo

Оваа година беше јубилејна и за 5 наши вработени, кои се со СОС Детско село уште од самите почетоци. 20 години посветена и успешна работа во една организација е навистина за почит.

vraboteni sos detsko selo

Доделивме плакети за 20 години посветена работа и поддршка на мисијата на СОС Детско село на нашите колеги: Снежана Серафимовска, Киро Пешевски, Соња Јанева, Моника Манева и Трајан Свилановиќ.

Традиционално ја доделивме и плакетата за 10 години посветена работa на нашиот Боре Марковски.

julijana gapo

Уште еднаш Честитки колеги, уште долго, долго да сте дел од ова наше СОС Семејство.

СОС Детските села Интернационал доделуваат посебни признанија и награди Ring of Honor (Почесен прстен) на вработените СОС мајки, СОС згрижувачи посветени на грижата за деца повеќе од 10 години. Прстенот се доделува во знак на почит и признавање и благодарност за постигнувањата на СОС згрижувачите. Номинациите на СОС згрижувачите се поднесуваат и од се одобруваат од Комисија за одобрување на доделување на прстените на СОС Кinderdor International.

nagradi

Оваа година, на овој за нас свечен настан имавме можност да доделиме вакви признанија на две наши згрижувачки.  Снежана Деспотовска и Мирјана Пејчинова. Згрижувачки, жени, мајки, херои, кои веќе 10 години се посветени на грижата и љубовта на своите деца.

Да бидеш згрижувачка, не е работа тоа е живот… исполнет со многу радости и гордост! – рече Снежана Деспотовска во нејзиното обраќање.

vraboteni sos detsko selo

Горди и бескрајно благодарни на нивната посветеност им упатуваме искрени честитки!

За крај, уште еднаш голема благодарност на сите колеги и тимови од сите програми кои помогнаа денес гордо и задоволно да ги прославиме нашите 20 години успешно работење!