6 ноември 2018
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ОД: СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА НАСТАН: Волонтерски ден на Alpha Bank Групацијата 2011 ДАТА : 29.05.2011 Под мотото, “Заедно, за повеќе насмевки” на 29ти мај 2011 година, во духот на промовирањето на основните принципи на корпоративната и општествената одговорност на вработените, Алфа Банка го организираше третиот традиционален Волонтерски ден во СОС ДЕТСКО СЕЛО.
Овој настан беше дел од поширокиот проект „Волонтерски ден на Alpha Bank Групацијата“ што се одржа истовремено во сите земји каде е присутна Алфа Банка.Годинава, вработените од Алфа Банка активно учествуваа во изградбата и бојадисувањето на летниковецот, кој што беше дониран на СОС Детското село.Во рамките на волонтерскиот ден беше организиран мини пикник со децата од селото а истовремено се работеше и на разубавување и разеленување на дворот и игралиштето каде децата од СОС ДЕТСКОТО село го минуваат своето секојдневие.
Децата исто така, како добри домаќини, ги дочекаа гостите со своја музичка точка, детска претстава а бендот на младинците од СОС ДЕТСКОТО СЕЛО ги забавуваше гостите додека бојадисува и садеа садници и цвеќиња во дворот на селото. Активното учество на вработените претставува значаен придонес во напорите на Алфа Банка за подобар свет. Подигнувањето на свеста преку ваквите акции ја одразува политиката за општествена одговорност и воедно промовира позитивен пример за хуманост и поддршка на оние на кои им е најпотребна.
Денес, 10 години од своето постоење, и својата јубилејна година, под закрила на организацијата СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДНИЈА се околу 400 деца без родители и родителска грижа и деца кои се во ризик во рамките на своите биолошки семејства.
СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА
Назад кон сите новости