Тип на донација
Сума

или

7 декември 2023

БИДИ ДЕЛ ОД ДЕТСКАТА РАДОСТ во ВЕРО – за децата поддржани од СОС Детско село

За божиќните празници се вели дека е период на собирање на семејството, споделување на позитивни желби и сплотување на убава семејна енергија. Истовремено овој период е и период на дарување, помош и поддршка токму на оние на кои е потребно да им се исполнат  празниците со топлина и хармонија.

Ако сакате оваа година да направите промена и да помогнете таму каде е најпотребно, кај децата без родителска грижа –  тоа може да го направите лесно  и едноставно при пазарување во маркетите на ВЕРО.

Во склоп на кампањата ЗАОКРУЖИ СМЕТКА, купувачите во Веро имаат можност во момент на плаќање да направат и донација за СОС Детско село, донација која ќе биде евидентирана на самата сметка на купувачот во Веро.

Сакате да подарите насмевка за секое дете? Сакате ли да бидете дел од детската радост? Можете да го сторите тоа  – купувајте во ВЕРО и донирајте износ по ваша желба во хуманитарна цел, односно за децата без родители и родителска грижа..

Кампањата „Заокружи сметка“ во ВЕРО и биди дел од детската радост започнa на 01 декември и ќе трае до 15 јануари 2023 година.

Ги повикуваме купувачите да ја заокружат сметката на каса во Веро маркетите и да ја внесат магијата од нивниот дом во детските срца, да донираат и да бидат дел од детска радост.