Тип на донација
Сума

или

veligden 2024

9 мај 2024

Кога си сам Велигден не е воопшто убав!

Како е заедно со родителите да ги украсувате Велигденските јајца?
Како е да се подготвува Велигденската трпеза заедно со мама?
Како е да се гушкате и радувате кога ќе го победите тато во кршење со Велигденските јајца?

“Кога си сам Велигден не е воопшто убав!“- со скриена тага во очињата кажува тивко малата Аника.

За жал, за некои деца Велигден е уште едно потсетување како е да си сам. За многу од нив ова е ден како и секој друг – исполнет со осаменост и тага.

Осаменоста во детската душа боли најмногу.

Аника како петгодишно девојче токму на Велигден ги изгуби своите родители и остана сама. Затоа таа велеше „За мене тоа не е Велигден, туку тажен ден!“ Тоа беше уште едно потсетување дека е сама во
животот. И недостасуваше љубов, вистински дом и семејство.

Сè се промени откако дојде во СОС Детско село.
Го доби она за што отсекогаш сонувала – топла и грижлива семејна атмосфера за празниците и време поминато со семејството.
И што е најважно, Аника ја доби родителската љубов што толку многу и недостигаше.

Нека овој празник биде посебен за сите деца!
Нека овој празник ви биде побогат бидејќи знаете дека сте помогнале и децата без родителска грижа да имаат семеен празник.

Донирај СЕГА и внеси РАДОСТ и НАДЕЖ во животот на децата без родителска грижа.