6 ноември 2018
На 04.01.2011 година, СОС ДЕТСКОТО СЕЛО го посетија Амбасадорот на Соединетите Американски Држави , Г-нот Филип Рикер со сопругата и Американските Маринци.
Маринците, традиционално , секоја година подготвуваат новогодишни подароци за децата од СОС ДЕТСОТО СЕЛО, врз основа на претходно доставена листа со име и возрста на децата. Според кажувањата , оваа активност е вистинско доживување и за самите маринци, кои сами ги одбираат и пакуваат подароците, а потоа во вистинска празнична атмосфера, со поддршка на Дедо Мраз, подароците се делат на секое дете од СОС ДЕТСКОТО СЕЛО.
Децата подготвија неколку музички точки, а Националниот Директор Јулијана Гапо , во името на децата се заблагодари за хуманоста и поддршката од страна на Амаериканските Маринци и Амбасадорот Филип Рикер, и им додели благодарници и рачно изработени сувенири на стакло , од страна на децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО.
Назад кон сите новости