Тип на донација
Сума

или

тим билдинг холандска амбасадорка

6 ноември 2018

Тим билдинг на Холандска амбасада во СОС Детско село

Датум: 18.09.2010Настан: ТИМ БИЛДИНГ НА ХОЛАНДСКА АМБАСАДА ВО СОС ДЕТСКО СЕЛОСОС Детско село Скопје и Холандската амбасада остварија заедничко дружење на 30 Септември во СОС Детско село Скопје. Холандската амбасада донираше средства за оплеменување на дворот и игралиштето  на СОС Детско село.

Заедно со децата вработените на Хоандската Амбасада и Амбасадорката Симоне Филипини ги поправаа и бојадисуваа делови од лулашките и спортските реквизити кои се користат  во секојдневниот живот од децата без родители и родителска грижа сместени во Детското Село но истоатака и од други децата од заедницата.
Оваа хумана иницијатива беше и ваквиот начин на поддршка на нашата организација беше одлично прифатена од страна на децата и тие активно беа вклучени во оваа заедничка работна активност.

 

`СОС ДЕТСКО СЕЛО Скопје ` е приватна установа за згрижување на деца без родители и родителска грижа. СОС  ДЕТСКО СЕЛО  Македонија  е  членка на интернационалната организација СОС Киндердорф Интернационал,  која во 1998 година потпиша договор  со Владата на Република Македонија за подршка и имплементација на оваа алтернативна форма за згрижување на деца без родители и родителска грижа. Оваа интернационална организација  има 60 годишна традиција во своето работење и ова позитивно искуство денес се применува  во 132 земји во светот  во согласност со Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на децата (УНЦРЦ ). Денес  СОС  ДЕТСКО СЕЛО Скопје  со помош на СОС Киндердорф Интернационал како и спонзорства и донации на многу пријатели на селото во нашата земја, успешно згрижува околу 80 деца кои се без родители и родителска грижа.