6 ноември 2018
Тетарот за деца и младинци од Скопје со изведбата на прекрасната претстава „Македонска приказна“ на децата од СОС Детско Село Македонија им подари незаборавно и единствено доживување.На 27 октомври 2012 година, Театарот ги отвори своите врати за вкупно 45 деца и 12 родители/згрижувачи од превентивните и заштитните програми од СОС Детско Село Македонија. Деца од семејства во социјален ризик имаа можност да присуствуваат на овој многу интересен културен настан, кој за најголем дел од нив како и за нивните родители/згрижувачи беше настан кој за прв пат им се случува.
Претставата „Македонска приказна“ e куклена претстава работена врз мотиви од богатата македонска фолклорна традиција, проткаена со изворна македонска музика, етно мотиви и креативна употреба на традиционални предмети. Претставата иако наменета за деца над 6 годишна возраст, беше одлично прифатена и интересна од страна на сите присутни.
Назад кон сите новости