Тип на донација
Сума

или

deca sos detsko selo fudbal

6 ноември 2018

Учество на СОС Детско Село на Светскиот фудбалски куп 2012

10 мали фудбалерчиња од СОС Детско село учествуваа на петтиот Светски фудбалски куп за деца без родители и родителска грижа, во Варшава, Полска, од 13 до 18 јули, организирано од организацијата Надеж за Евро (Hope for Mundial).

 

Изигравме 4 натпревари, во кои екипата на Босна ја победивме со рекордни 7:1, со Виетнам изигравме нерешено, а со силните Холандија и Полска лавовски се боревме до последните секунди, сепак среќата беше на нивна страна.

 

Иако не извојувавме едно од првите места, еден од пехарите беше резервиран за нас, и тоа не било кој, туку највеселиот. Нашиот Лулхан го доби пехарот за најзабавно и најрадосно дете учесник на фудбалскиот куп, меѓу 220 фудбалери од 22 земји учесници.

 

Вториот ден-на доделување на наградите, присуствуваше и македонската ВД Амбасадорка во Полска, га. Горица Атанасова Ѓоревска, со семејството. Таа доби плакета и се обрати кон публиката со поздравен говор.

 

На заминување, ја посетивме македонската амбасада и децата имаа можност да поразговараат со амбасадорката за своите идни планови, амбиции, но и да се информираат за активностите на амбасадата. Соработката на СОС Детско село со Амбасадата на Република Македонија во Полска, продолжува и веќе се планира реализација на интересни иницијативи на нашата ВД Амбасадорка во Варшава.

Фудбалерите се вратија назад со полни срца, нови пријателства и прекрасни спортски спомени за цел живот. Се гледаме следната година во Варшава!

Огромна благодарност до нашите пријатели Фалкон Травел, Спорт Визион Македонија, Спорт М, Скопје Мериот Хотел, и ПД Алеа кои ни помогнаа да го организираме ова незаборавно спортско патување!