6 ноември 2018
На 05 декември 2014 година, во Советодавниот Центар за деца и родители Гази Баба, СОС Детско село Македонија, за прв пат беше одбележан Светскиот Ден на волонтерството.
На настанот беа поканети сите волонтери кои биле и се вклучени во активностите на различните програми во СОС Детско село Македонија. Децата и вработените ја искажаа својата благодарност кон нив, за нивниот ангажман и труд кој го насочуваат кон поддршка на децата во социјален ризик и децата без родителска грижа. Националниот директор Јулијана Гапо ги поздрави присутните со Историски осврт на волонтерството и Значењето на волонтерите за СОС Детско село Македонија. Потоа, децата и младинците преку свои творби (поеми, песни, состави и честитки), им се заблагодарија на волонтерите кои им помогнале во образовниот процес и им пружале поддршка во совладувањето на секојдневните предизвици со кои тие се соочуваат. На волонтерите им беа доделени Благодарници и пригодни подароци.
Назад кон сите новости