23 август 2024
Покрај патувањата, летото за децата поддржани од СОС Детско село беше исполнето со креативни и едукативни активност. Во соработка со Македонија2025, со воодушевување го завршивме нашиот прв STEAM летен камп.
Оваа револуционерна иницијатива означува значаен чекор напред во посветеноста за негување на потенцијалот на децата од ранливите категории.
Летниот камп STEAM, составен дел од иницијативата Македонија2025, се одржа од 19-23 август во просториите на СОС Детско село и беше дизајниран да ги развие STEM (наука, технологија, инженерство, уметност и математика) вештини кај деца на возраст од 8-13 години.
Преку низа практични, ангажирани и забавни активности, ја разгориме љубопитноста, ја поттикнавме креативноста и инспириравме љубов за учење кај нашите млади учесници.
Еве краток преглед на нашето возбудливо патување:
🚀 Ден 1: Хемиски реакции
Нашите млади научници ја започнаа неделата со восхитувачки експерименти, како сублимација на сув мраз, “слоновска“ паста за заби и експеримент со пченка која “танцува“.
💧 Ден 2: Воден циклус, облаци и торнада
Се нурнавме во чудата на водниот циклус, истражувавме разни видови облаци, па дури и создадовме свои торнада, што кулминираше со спектакуларна демонстрација на огнени торнада.
🎨 Ден 3: Ден на уметноста
Креативноста го зазеде централното место додека правевме сопствено тесто за играње, извајавме ремек-дела. Успеавме да направиме и домашен сапун, а уметноста во украсување на камења беше посебна. Денот заврши со сликање на платно, покажувајќи ги уметничките таленти на нашите кампери.
🎭 Ден 4: Театар и модерна уметност
Нашиот четврти ден беше посветен на уметноста, со фокус на креативноста во изведбата и визуелното изразување. Направивме куклени чорапи, ја истражувавме магијата на боите и изведовме претстава за театар на сенки.
🌌 Ден 5: Сончев систем
Нашиот последен ден беше посветен на истражување на вселената. Научивме за Сончевиот систем, создадовме сопствени планети и дизајниравме опрема за астронаути. Како надополнување на се, вежбавме дури и јога за астронаути!
Неделата кулминираше со церемонијата на доделување сертификати за да ги прославиме неверојатните достигнувања на сите наши кампери.
Сите организирани летни активности на децата поддржани од СОС Детско село се со цел ги поттикне децата во развивање на нивните социјални и когнитивни вештини, да го зголеми нивното чувство на припадност и да ги инспирира да продолжат да ги следат своите соништа.
Назад кон сите новости