14 септември 2021
Доколку сакате да станете дел од нашето големо СОС семејство како силна и стабилна личност со љубов кон деца на кои им е потребна сигурност, нега и грижа и доколку ги сакате децата и сметате дека сите деца заслужуваат да бидат безгрижни и среќни, аплицирајте на нашиот конкурс за СОС Домаќинка.
СОС Домаќинката е поддршка на згрижувачките семејства и е важна личност во животот на децата кои останале без родители или родителска грижа.
СОС Домаќинката дава поддршка на социјалниот згрижувач при реализирање на секојдневните активности во домот (набавка на потребни средства за домаќинството, подготвување на оброци и одржување на хигиената).
Домаќинката помага на децата во учење, во развивање на работни, хигиенски и културни навики.
Домаќинката гради врска со секое дете во семејството.
СОС Домаќинката е личност која е:
Доколку Вие со своите знаења и вештини можете да допринесете во создавање на среќно растење на овие деца, аплицирајте и станете СОС Домаќинка. Испратете кратка биографија најдоцна до 16.09.2021 на kariera@sos.org.mk или на
Адреса: СОС Детско Село Скопје
ул. Финска бр 131, нас.Ченто
1040 Скопје
Повеќе информации за огласот погледнете тука.
Назад кон сите новости